3Герасимовски: Нова инклузивна поддршка за децата и семејствата во Центар, дневен престој и индивидуален третман
Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
1Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
ЗабаваФото: Карлеуша во „тесно“Нова провокација од српската пејачка Јелена Карлеуша. Популарната Карли во суперпровокативно издание се појави на снимање на ТВ шоу. Бујната Јелена на снимањето пристигнала во топ и тесна здолниште од модната куќа „Емилио Пучи“ аутфит кој ги истакнува нејзините бујни облини. Цената на комплетот на Карлеуша изнесува неколку илјади евра. .Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктураВелес станува подобро место за живеење.Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме започнување на работа на две улици, а една е веќе завршена и драго ми е што преку соработката која што ја имаме со Светска банка веќе се завршени 3 проекти, во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. "8-ми Мај", "Љубљанска" и "Луи Пастер", и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови.“, изјави Николоски. Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платеноГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот билборд на влезот во градот.Граѓаните имаат право да знаат: • Како оваа фирма ја добила работата? • Дали е спроведена јавна набавка? • Колку е платено за графичкото решение и за поставувањето на билбордот? • Дали Град Скопје плаќа за AI-генериран срам? Исто така, градоначалникот треба да открие колку тендери досега добила оваа фирма и кој стои зад неа. Според правилата за јавни набавки, за лошо извршена работа се издава негативна референца, која носи исклучување од учество во јавни набавки од 1 до 5 години. Досега нема информација дали на оваа фирма ѝ е издадена негативна референца или пак ќе продолжи да добива пари од буџетот на Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не смее да крие информации за трошење на јавни пари. Граѓаните на Скопје заслужуваат одговори, а не молк и прикривање, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк 13:29Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
МакедонијаГерасимовски: Нова инклузивна поддршка за децата и семејствата во Центар, дневен престој и индивидуален третманОпштина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман.Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост. „Потпишавме договор со Здружението „Ајнштајн“ за соработка со јасно дефинирани обврски за реализација на услугата. Со оваа иницијатива правиме важен чекор кон достапна и инклузивна поддршка за децата со попреченост и нивните семејства. Нашата цел е да овозможиме континуирана стручна помош таму каде што е најпотребна, да помогнеме во интеграцијата на младите и да им дадеме квалитетна психосоцијална поддршка“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Според податоците од образовните и здравствените институции, голем број деца и млади со попреченост што живеат во општината немаат пристап до дневни центри ниту до стручна, индивидуализирана поддршка. Поради недостиг на специјализирани услуги, семејствата досега често биле принудени да бараат помош во приватни центри или да останат без соодветна грижа. Проектот предвидува адаптација на простор, набавка на опрема и формирање стручен тим, а мапирањето на корисниците ќе се спроведе во соработка со училиштата, Центарот за социјална работа и родителите. Според динамичниот план, центарот треба да биде ставен во функција на почетокот на 2027 година. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк 13:29Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53