Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис
1Димитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
2Божиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис
Шоу бизФото: Карлеуша во провокативен стајлингСрпската пејчка Јелена Карлеуша повторно шокираше со својот изглед-Пристигна на снимањето во супер провокативна облека.Популарната Карли уште еднаш го привлече огромно внимание од јавноста со својот моден избор на снимањето на ТВ емисија. Сексапилната Карлеуша на снимањето се појави во впечатлива и провокативна комбинација -, со корсет кој едвај и ги покрива бујните гради црно проѕирно здолниште под кое се гледаат танга гаќички. Целиот стајлинг го комплетираше со црни ракавици до лакти и големи црни очила. Нејзиното објавување веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што, како и многу пати досега, се најде во центарот на вниманието поради своите смели и неконвенционални модни избори. Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштваМинистерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста.Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на Законски измени кои предвидуваат воведување на задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор и слично. Дополнително, се зајакнува контролата при отворање на нови деловни простории, при што ќе биде потребна претходна согласност од Министерството за финансии, со утврдени критериуми за условите на работење. Со измените се предвидува и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и укинување на исплатите во готовина, со што кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка. Целта е поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интерву за Телма Телевизија истакна дека измените се резултат на засилени контроли и утврдени недоследности во работењето на дел од финансиските друштва. “Имаме законски измени кои што ги подготвуваме во периодот што следи. По спроведените контроли утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот“,кажа министерката. Како што појасни министерката, досегашните контроли резултирале со утврдени неправилности, а во одредени случаи биле преземени и мерки како одземање на лиценца. Дел од постапките се иницирани и по пријави од граѓани, кои, како што нагласи министерката, имаат значајна улога во откривањето на неправилности. Со овие измени според Димитриеска-Кочоска се очекува значително зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска во Истанбул: Македонија ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнисМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област. Од турска страна, домаќин на настанот ќе биде министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат, а организацијата ја спроведуваат Министерството за трговија на Република Турција и DEİK – Советот за надворешни економски односи. Форумот ќе ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе биде учесник на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима. На маргините на форумот, министерката Божиновска ќе оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на турските инвестиции во Македонија, како и потенцијалите за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на стратешките индустрии. Бизнис форумот претставува важна платформа за поврзување на институциите и деловната заедница од двете држави и дополнителен поттик за јакнење на економските врски меѓу Македонија и Турција, како и за отворање нови можности за инвестиции и одржлив економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисРафаел Надал: „14 години го сонувам тој поен против Новак, сè уште ме боли“Во подкастот „Док Ток“, еден од најдобрите тенисери во историјата , Шпанецот Рафаел Надал зборува за својата кариера и како го гледа поразот од големиот ривал Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен во 2012 година.Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа дури 60 натпревари во своите кариери, поуспешен во тој судир на гигати е Ноле за две победи. Сепак, Надал сигурно би дал многу само за триумфот во финалето на Мелбурн во 2012 година. Според многумина тоа беше најспектакуларното финале во историјата на овој спорт, кое траеше речиси шест часа и по кое Ноле и Рафа не можеа да стојат на нозе и церемонијата на доделување на пехарите ја дочекаа седнати на столици. Надал сега се потсети токму на тој неверојатен меч во подкастот „Док Ток“ и не заборава како во петтиот сет водеше со 4:2 и 30:15 на својот сервис гем, а потоа промаши лесен удар и Ѓоковиќ направи пресврт по поклон-поенот. „Минатото е минато, но јас го гледам како нешто позитивно. Имав многу подобра кариера отколку што можев да замислам. Периодите кога бев повреден беа најтешки за мене. Исто така, тука е и тој „пасинг шот“ против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн кој го сонувам, на пример. Тоа е детаљ на кој се враќам во главата и си мислам „ме боли да го гледам тоа“. Беше навистина лесен удар и практично значеше дека ќе го освојам турнирот“, рече Надал. „Сепак, таа фаза од мојот живот е завршена и тоа е добро. Имам одлични спомени, но повеќе не размислувам како тенисер. Убаво е да се видат некои фотографии во музеј или академија и да се доживее емотивно, но таа епизода е завршена за мене...“ рече Надал.Тагови: Новак Ѓоковиќ Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook