Фото: Карлеуша најде замена за Душко?! - Канал 5

Фото: Карлеуша најде замена за Душко?!

Српската пејачка  Јелена Карлеуша по разделбата од сопругот Душко Тошиќ  во последно време работи многу напорно. 

Фото: Карлеуша најде замена за Душко?!

Популарната Карлеуша скоро секој викенд има настап по клубови во регионот.

Во исто време, Јелена го привршува новиот албум „Алфа“, кој нејзините фанови го чекаат цела деценија, па секојдневно поминува по неколку часа во музичкото студио.

Српската пејачка е многу активна и на социјалните мрежи. Нејзината последна објава ги воодушеви фановите. Популарната Карли објави фотка на која позира со фантомка на глава а на себе има само минијатурно бикини.

Српските медиуми ја уловија Јелена во првите сончеви есенски денови во центарот на Белград. По разводот од екс фудбалерот Карлеуша најчесто може да се види во друштво на својот менаџер и пријател Зоран.

Сексапилната пејачка е „фатена“ во друштво на својот пријател и деловен соработник Зоран Бирташевиќ, кој го возел и автомобилот со кој тие се довезле до центарот.

Зоран е долгогодишен соработник и менаџер на пејачката, кој е запознаен со секој детал од нејзиниот живот. Поголемиот дел од времето го поминуваат заедно. Тие се активни на социјалните мрежи, а често објавуваат и заеднички фотографии. Зоран повеќе од десет години е нејзина десна рака во се, од кариера до приватните работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.

Митовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребно

На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство.

„Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски.

При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата.

Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО

Притвор за помошник директорот во Царинската управа, Џевер Имери, кој беше уапсен вчера како прима мито, побара Јавното обвинителство. 

Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО

Од таму инфомрираа дека акцијата следела по пријава од граѓанин, а Имери ќе одговара за две дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Тој, според истрагата, во периодот од април/мај до септември 2026 година, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра.

-Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. – соопшти ОЈО ГОКК.

Според информациите, Имери вчера по преземањето на парите, не застанал на полициските наредби и се дал во бегство, но брзо потоа бил фатен од полицијата и уапсен.

За неполна седмица, ова е втор случај во кој обвинителството и полицијата постапувајќи по пријава од граѓанин, спроведоа успешна акција со обележани пари. Претходно уапсен беше и возачот на генералниот секретар на Владата, кој барал поткуп за вработување во пожарна.

Од ОЈО ГОКК ги охрабруваат сите граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер