Јанчев: Со отворен разговор и директна комуникација, ги градиме идните приоритети заедно со граѓаните
2Јанчев: Со отворен разговор и директна комуникација, ги градиме идните приоритети заедно со граѓаните
ЗабаваФото: Карлеуша како секси амазонка!!!„Жешка„ ноќ во Цирих!Популарната пејачка Јелена Карлеуша заедно со своите танчарки синоќа одржа „жежок“ настап во Цирих, Швајцарија. Атрактивната Карлеуша на сцената се појавила како вистинска секси амазонка, во костим кој повеќе открива отколку што покрива и синџири, со што предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Популарната Џеј Кеј на себе има пинк трико украсено со синџири мрежести чорапи и златни чизми. Посебно возбудлив за публиката во Цирих беше крајот на настапот кога Карлеуша го заврте грбот и го покажа бујниот задник во минијатурните гаќички. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаФИЗИЧКИ НАПАД НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС КАЈ КЛУЧКАТА ХИПОДРОМ: „ЌЕ ТЕ СТАВИМЕ ВО БАГАЖНИКОТ!Д.Б. (21), син на поранешен началник на РЦ „Југ“, пријавил дека бил пресретнат од „ауди“, по што две лица излегле од возилото. Според неговото сведоштво, едното лице го удрило двапати и му се заканило со зборовите: „Ќе те ставиме во багажникот!“Момчето на полицијата ѝ пријавил дека му било кажано: „Ќе те ставиме во багажникот” а дополнително напаѓачите му упатиле и „поздрав“ од Ј.К., лице кое во минатото било приведувано од страна на неговиот татко во врска со сомнежи за криумчарење мигранти. МВР потврдува дека е пријавен физички напад кај клучката Хиподром. Полицијата го расчистува случајот, а сите детали и наводи сè уште не се официјално потврдени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
АвтомобилизамГермански ADAC тестираше 16 автомобилски гуми за цела година- само едни добиле добра оценка Голем тест на гуми за сите сезони покажа дека добро познатото име на страната на гумата не е гаранција за безбедност. Германските ADAC и партнерските автомобилски клубови тестираа 16 модели во димензија 185/65 R15, а резултатите се доста загрижувачки. Само една гума добила добра вкупна оцена, додека дури осум модели не заслужиле препорака за купување. Убедливо најдобар резултат постигна Continental AllSeasonContact 2, со вкупен рејтинг од 2,3. Се покажа како најбалансиран избор за возење на сув и влажен асфалт, како и во зимски услови. Заедно со добрата адхезија, се карактеризира со мала потрошувачка на гориво и отпорност на абење, иако неговата предвидена километража е малку помала. Веднаш зад него беа Pirelli Cinturato All Season SF 3 и Michelin CrossClimate 2, и двете оценети 2,6. Пирели покажа одредени слабости во зимски услови, додека Мишелин е нешто послаб на влажен асфалт, но се истакна со добрата очекувана километража и малото абење. Препорака добија и Vredestein Quatrac, Hankook Kinergy 4S², Goodyear Vector 4Seasons Gen-3, Nokian Tires Seasonproof 2 и GT Radial ClimateActive, иако секој од овие модели покажа одредени недостатоци во одредени услови на возење. Најголемото непријатно изненадување беше Bridgestone Weather Control A005 Evo. Иако доаѓа од еден од најпознатите производители на гуми, тој заврши меѓу петте модели кои ADAC не ги препорачува. Со вкупен резултат од 5,3 потфрли особено на снег и мраз. Во истата група беа Norauto 4 Seasons 2, Mastersteel All Weather 2, Roadhog RGAS02 и Tomason Allseason. Уште три модели, Nexen N'Blue 4Season 2, Dunlop All Season 2 и Milever All Season Versat MC545, добија лоши оценки поради недостатоци во различни услови на возење. Интересно е што Bridgestone сè уште го нуди постариот Weather Control A005 Evo во тестираната димензија, додека поновата Turanza All Season 6 е достапна во поголеми димензии и постигнува значително подобри резултати. Ова покажува колку е важно да се провери специфичниот модел и големината на гумата, наместо да се потпира само на угледот на производителот. ADAC потсетува дека гумите за сите сезони мора да функционираат во многу различни услови, од летни горештини до снег и мраз. Резултатите од тестот покажуваат дека половина од тестираните модели не успеале да постигнат доволно добар баланс, поради што е важно да се проверат резултатите од независните тестови пред да се купат.Тагови: гуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Со отворен разговор и директна комуникација, ги градиме идните приоритети заедно со граѓанитеГраѓаните се важен дел од планирањето на идниот развој на Кавадарци.И оваа вечер продолживме со средбите на терен, овојпат со жителите на Љубаш 2 и 2 и Кула 1 и 2. Во фокусот беа нивните предлози, актуелните потреби и приоритетите за подобрување на условите за живот во овие населени места. Секој предлог и секоја сугестија се значајни во креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Со отворен разговор и директна комуникација, ги градиме идните приоритети заедно со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter