На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
1На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
3ВМРО-ДПМНЕ: Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проекти
ЗабаваФото: Карлеуша како „кралица“ Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со својот аутфит. Популарната Карли сега ги изненади следбениците со фотки во аутфит како кралица. Сексапилната пејачка објави фотки на кои носи диедема со натпис „Queen“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за навредитеХристијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци. Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња. Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор. Ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води. Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески. Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата. Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може. Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже. Ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс. Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија. Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува. Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проектиСпортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спротски проекти а државната помош е насочена кон спортистите, клубовите и федерациите .За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава. Се градат нови спортски сали во Радовиш, Крушево, спортската сала „Расадник“, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, Воената академија, се градат атлетските патеки во Велес и Гевгелија, трибините на Градскиот стадион во Тетово и девет базени низ државата. Реализацијата на овие проекти се доказ дека спортот конечно добива вистинска поддршка. Додека СДС и ДУИ со години зборуваа за спортот само во предизборни кампањи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува конкретни резултати. Истовремено, воведен е потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми, со што државната поддршка конечно завршува таму каде што треба, кај спортистите, клубовите и федерациите. Разликата е очигледна. Наместо запоставување на спортот, денес има инвестиции и конкретни дела. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со уште посилно темпо, затоа што младите тоа го заслужуваат. Спортот е еден од клучните приоритети на Владата на ВМРО- ДПМНЕ затоа се градат спортски објекти, се поддржуваат спортистите и се создаваат услови за нови победи. Тоа е разликата што граѓаните ја гледаат и ја чувствуваат. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Тепачки, пожари и стотици апсења – Франција во хаос по поразот од ШпанијаНавивачите на Франција тешко го прифатија поразот на нивните фудбалери од рШпанина со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство. Поради тоа, по натпреварот кој се играше на преполниот стадион во Далас, низ Франција започнаа немири. Во Париз и Лион – каде што масовно се следеше преносот на плоштадите – избија големи немири, при што беа уапсени голем број луѓе. Според француските медиуми, приведени се дури 141 лице поради инциденти и судири со полицијата. Paris is burning right now after 🇫🇷 France's World Cup semifinal loss to 🇪🇸 Spain. Few hours earlier, Macron tried to present France as an island of peace during the military parade. This looks like the beginning of a civil war... pic.twitter.com/z6DKTcnX0R — Sumit (@SumitHansd) July 15, 2026 По натпреварот, Париз и Лион наликуваа на вистинска воена зона; ништо не беше фрлено кон полицијата, која едвај успеа да ја смири разбеснетата толпа што имаше само една цел – да предизвика хаос на улиците на Париз.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook