СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ
1СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ
3ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"
ЗабаваФото: Карлеуша без гаќички на снимање на емисијаУште едно супер провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.Карлеуша на снимањето на емисијата од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ дошла без ниту едно парче долна облека!! Јелена позирала пред фотографите во жолт асиметричен фустан, кој ги открил нејзините бујни облини. Додека популарната Карли се местела за фоткање, фотографите забележале дека пејачката не носи гаќички, под жолтиот фустан се покавил нејзиниот гол задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на ВучиќВо Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја. Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност. Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник. Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата. Сега истата матрица се пресликува во Македонија. Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“… Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“. Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село. Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи. Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери. Целта е иста: Да се обесхрабрат младите, Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“. Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи. Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми. Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ. Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО. Младите масовно си одат. Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани. „Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ. Иста школа. Исти ментори. Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена. Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото. Во буџетот нема пари. Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен. Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите. Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него. Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат. Затоа лета на екскурзија во Брисел. Просторот се стеснува. Граѓаните веќе сè знаат. Последните подготовки се јасни: Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми. Дотогаш мора повторно да го поделат народот. Мора да се подготват за предвремени избори. Затоа што пари нема. А други резултати нема, ниту ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзвонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори.Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција во Скопје. -Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најценетите и широко познати фестивали во Република Северна Македонија и пошироко. Како амбасада, во текот на изминатите години со фестивалот заеднички работиме на организацијата на грчките вечери и ги носиме најдобрите уметници, рече грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду. Публиката уживаше во изведбата на композиции од Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, Едвард Елгар, Петар Илич-Чајковски, од Астор Пјацола и Габриел Форе. Промовирана од страна на легендарната пијанистка Марта Аргерич, со која заеднички го издава албумот со дела од Бетовен за дискографската куќа „Ворнер класикс“, пијанистката Теодосија Нтоку плени со нејзиниот богат звук и интелигентно формирање на музичката мисла, а тоа го покажа и на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“. Критичарот на магазинот „Грамофон“ во критиката за нивниот албум ќе напише „јасно е зошто Аргерич ја привлекува музицирањето на Нтоку, тоа поседува слобода и не се плаши од ризици“. Виолончелистот Полидори е роден во семејство на музичари и запoчнува да учи музика во родниот град Торино, каде и дебитира со оркестарот исполнувајќи ги Рококо варијациите од Чајковски со Камерниот оркестар на Софија. По дипломирањето со највисоки оценки во Италија, продолжува да се усовршува во Женева, во класата на Даниел Гросгурин, каде ја добива наградата Гран при за виртуозност исполнувајќи го Концертот за виолончело од Роберт Шуман. Тој е меѓународно признат водач на групата виолончела на оркестарот на „Ла Скала“ во Милано, позиција која ја добива на 30-годишна возраст откако тогашниот уметнички директор на оркестарот, Рикардо Мути, ги препознава неговите квалитети. Покрај тоа, Полидори е основач на триото „Јоханес“ и на Гудачкиот квартет на „Ла Скала“ заедно со концерт-мајсторот и истакнат виолинист Франческо Манара, ансамбли со кои постигнува светски успеси и настапува во „Карнеги Хол“, а со кои ги добива наградите „Осака“, наградата „Премио Трио“ во Трст и наградата на Асоцијацијата на музичките критичари на Аргентина. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати.Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат. Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, каде што предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“. Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства. Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДС, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки. Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура. Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Наместо да се дистанцира од лица со ваков багаж, насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги, талогот од СДС сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, како што тоа го направи и во Ташмаруништа. Недолжни луѓе да настрадаат, за талогот од СДС и Венко Филипче политички да профитираат. Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија. Ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДС. Тие единствено можат да бидат и се талогот во македонското општество, кои се фатиле за позиции и со сите сили се обидуваат да ги задржат, додека за вистинската, чесна и образована младина не отстапуваат место. На таквите лица не им е местото ниту во политиката, ниту во високите општествени кругови каде шират тези за да им ја убијат надежта на граѓаните. Сите тие кои цел живот се на државни и партиски позиции, кои освен за своите џебови, за државата не направија ништо, заедно со народот ќе ги поразиме. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter