Фото: Калифорнија го очекува „спасот“ од небото

Во Калифорнија продолжува потрагата по жртвите и исчезнатите во најголемиот пожар во историјата на оваа американска сојузна држава. „Спасот“ стигнува од небото, најавен е дожд.

Бројката на исчезнати во најсмртоносниот пожар во Калифорнија се искачи на 1276 лица. Властите утврдиле каде се наоѓаат неколку стотици луѓе кои ги напуштиле своите домови кога огнената стихија го зафатила северниот дел на градот Парадајс.

Тимовите од форензичари кои ги пребаруваат рушевините, пронашле остатоци од уште пет загинати, со што бројката на загинати се искачила до 76, од нив 63 се идентификувани, сега се очекува потврда на ДНК анализата, пренесува Ројтерс.

Сега спасот го најавува националната метеоролошка служба, според која од вторник до петок се опчекуваат обилни врнежи од дожд, се очекува да паднат 10 сантиметри дожд во подножјето на планинскиот венец Сиера, вклучувајќи го и запалениот Парадајс.

Се очекува дожд и во Сан Франциско што многу ќе помогне во расчистувањето на воздухот од нездравото ниво на дим, иако пожарот беше оддалечен од овој град цели 280 километри.

Власта очекува дека дождот ќе им помогне многу на спасувачите и пожарникарите, но и предупредува дека може да се формираат опасни свлечишта во овие реони, во кои е изгорена целата вегетација.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер