Фото: Како би изгледала принцезата Дијана денес? - Канал 5

Фото: Како би изгледала принцезата Дијана денес?

Трагично загинатата сопруга на сегашниот крал Чарлс Трети, принцезата Дијана доколку денеска би била жива би се подготвувала да го прослави својот 62 роденден и и според некои уметници и понатаму би била многу убава. 

Фото: Како би изгледала принцезата Дијана денес?

Поранешната принцеза од Велс загина многу млада, на само 36 години, а на многумина им е тешко да замислат како би изгледала денес.

Додека во јавноста се уште се зборува за свеченото крунисување на кралот Чарлс Трети и сите детали поврзани со церемонијата и односите во британското кралско семејство, фановите на неговата покојна поранешна сопруга Принцезата Дијана не можат а да не се сеќаваат на неа.
Да испаднеше се поинаку, принцезата Дијана денеска ќе беше кралица и ќе седнеше на тронот, што секако би ја задоволила британската и светската јавност и ќе го подобреше имиџот на кралското семејство.

Поради тоа што станува збор за според јавноста најомилената членка до сега и жената која ја нарекуваа Народна принцеза, англиската роза...

Сеќавањето на мајката на принцовите Вилијам и Хари не избледува ниту денес, повеќе од четврт век по нејзината смрт, а многумина се прашуваат како би изгледала Лејди Ди да останела меѓу нас.

Затоа многу уметници се обидоа да направат реалистичен портрет на Дијана како жена во шеесетите, а на официјалната страница на руското издание на магазинот Hello пред неколку дена се појави една таква слика.

Турскиот дигитален уметник Алпер Јесилташ неодамна создаде сличен портрет на принцезата Дијана како дел од неговиот проект „Како ништо да не се случило“.

Лејди Ди е родена на 1 јули 1961 година, што значи дека оваа година би го прославила својот 62 роденден. За жал, на крајот на август 1997 година, таа доживеа сообраќајна несреќа во тунел во Париз, додека се обидуваше да побегне од папараците со своето момче милијардерот Доди ал-Фајед, а потоа почина на 31 август во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер