Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
2Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
Шоу бизФото: Кајли Џенер во долна облека, веднаш станува жешкоНајмладата членка на кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер е новото лице на кампањата на Skims за колекцијата „Everyday Cotton“.Најмладата членка на кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер е новото лице на кампањата на Skims за колекцијата „Everyday Cotton“, а на најновото снимање, познатата бизнисменка и ријалити ѕвезда позира во минималистичка памучна долна облека, нагласувајќи ги своите облини. Најмладата сестра на Ким Кардашијан се појавува во кампањата во повеќе изданија. На една фотографија, таа носи кафеав градник и танга во истата нијанса, додека клекнува на потпетиците, а на друга, позира во бел градник и гаќички, игриво гризејќи го прстот. Кампањата промовира безвременски памучни парчиња - од градници со жица и класични сандали, до градници и танга - дизајнирани за секојдневно носење. „Секојдневните градници и долна облека треба да бидат внимателно осмислени како и остатокот од вашата гардероба“, рече Ким Кардашијан во соопштението од брендот. Коментарите од семејството и обожавателите брзо ја преплавија објавата. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАРМ слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на армијатаМакедонската армија денеска одбележува 34 години од формирањето, а по повод 18 август – Денот на армијата, во Скопје и Штип се одржаа повеќе свечени активности.Централното одбележување ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што во 19 часот единицата на артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун. Утринава владина делегација составена од министрите за одбрана, за внатрешни работи и за социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на армијата, со воени почести положиле венци на партизанските гробишта во Скопје. Јубилејот беше одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со смотра на 2. Пешадиски баталјон и други армиски единици, како и во Министерството за одбрана, каде што свои обраќања имаа министерот Мисјаловски и началникот на генералштабот, Лафчиски, а одбележувањето ќе продолжи утре во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и ТетовоСо кредити од Светската банка и Европската инвестициска банка ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Прва болница а листата е болницата во Штип, која е започната пред десет години. Постоечката направена карабина на болницата треба да се испита, за да се знае што она што треба да се направи ново. Болницата во Кичево ќе се гради на земјиштето на министерството за одбрана во влезот на градот, исто така проектот во Тетово е во напредна фаза. Засега нема детали околку изградба на нов клинички центар, од владата соопштија дека новата локација за клинички центар ќе биде земјиштето пред спротската сала „Борис Трајковски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо од Скопје е исчезнат две недели, семејството апелира за помошРечиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски.Речиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски – залепените плакати со неговата фотографија на бандерите, неуморните потраги и постојаните апели засега не вродуваат со плод, семејството и натаму живее во кошмарна неизвесност и агонија. Неговата сестра, Снежана Радовановиќ вели за нив и за Стојановски секој час е важен, а секој изгубен момент само ја продлабочува неизвеноста. Па апелира, првенствено до полицијата на поголема ажурност и посериозна потрага, а до граѓаните веднаш да пријават доколку го видат. -Син ми, речиси половина Ново Лисиче се ангажираше, со коли, со мотори го свртеа цело Скопје, никаква трага немаме, залепивме и плакати од него од Ново Лисиче до Железничка никој се нема јавено, никој го нема видено, не знам што да мислам стварно. Барам помош од полицијата, тие велат дека немаат никакви информации, се уште велат се трага, пуштено е по цела Македонија, ги проверивме границите, нема ништо, не излегол од границите, не знам веќе што да мислам и што да преземам. Ги молам, полицијата, го молам целиот народ во Македонија, кој и да го види да се јави. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Од МВР за Канал 5 велат дека активата потрага по Стојановски продолжува и дека сите полициски станици во Македонија се известени и работат на случајот. Стојановски на 5ти август бил виден на Качанички пат, во казиното во кое работел, каде пиел кафе со колега, а кој потоа на семејството му посочил дека Стојановски бил дезориентиран. Од таму заминал да посети пријател во скопско Побожје, кога и последен пат неговата сестра му го слушнала гласот – набргу потоа му се губи секоја трага. Таа вели, при секој повик се буди надеж, но и стравот од најлошите вести. -Се јави еден пријател од жена му, бил кај него во Побожје, пиел и таму кафе и тој вечерта во 8 часот го оставил на рекорд и од тогаш се губи секоја трага на Љупчо, од тогаш се губи секоја трага на Љупчо. Единствено се јави една жена дека го видела во Козле кај верото, во 6 наутро, се јави уште еден човек дека го видел во 13ч исто во Козле, кај Украинска амбасада, поминал покрај него. Јас се надевам дека ќе го видам, дека ќе се појави од некаде, но друга страна ми кажува дека многу време е поминато. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Стојановски од 2007ма година е под терапија поради психички растројства, која одбива да ја земе при посериозни емотивни раздразвнувања, но неговата сестра вели дека функционирал сосема нормално, дури и работел.Таа посочува дека најголема болка му било што неговата сопруга пред неколку месеци заминала со 10 годишно дете, за кое бил многу приврзан, а не го видел речиси половина година, што е и можен поттик за неговото исчезнување, вели таа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter