Додека се очекува од Маријано Дијаз да го оправда статусот на големо засилување на европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид и достојна замена на Кристијано Роналдо, неговата девојка Јаиза Морено веќе ги оправда очекувањата на навивачите.
Шпанската манекенка која блесна на преставувањето на нејзиното момче во дресот на Реал , по заминувањето на девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез во Торино, веќе сега се смета за најатрактивната „вагсица“ девојка на фудбалер на Реал Мадрид.
Инаку, новиот член на кралевите Маријано Дијаз е роден во Барселона, но сега се враќа во Мадрид по извонредната сезона во францускиот Лион, како големо засилување и замена за Кристијано Роналдо на Бернабеу.
Тој неколку сезони бил член на Реал но без поголема минутажа,но одличните партии во Лион го вратија во дресот на Кралевите.