3СДСМ: Младите за ЗНАМ 2.0: Да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина
ЗабаваФото: Италијанска водителка во секси бикини!!Алесија Маркузи, италијанска телевизиска водителка, актерка и поранешен модел, деновиве привлече внимание кога објави фотографија во костим за капење.Сексапилната ТВ водителка позираше во бикини, а за тие фотографии доби бројни комплименти од нејзините следбеници. Никој не може да поверува дека Алесија има 51 година. „Можете ли да ги потсетите вашите 20-годишни следбеници колку години имате“, „За да изгледам вака, потребно е чудо“, „Не бевме вакви на 16 години“, „Најубавото тело во Италија, амин“, „Ти благодарам, сега ќе плачам пред огледало“, се само дел од коментарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХоландија остана без селектор: Роналд Куман поднесе оставкаРоналд Куман поднесе оставка од функцијата селектор на холандската репрезентација помалку од 24 часа по елиминацијата од Светското првенство. Холанѓаните беа елиминирани во осминафиналето откако загубија од Мароко на пенали, а искусниот стручњак ја објави својата одлука дека поднесува оставка на селекторкста фунција веќе следниот ден. „Синоќа донесов одлука да го завршам мојот мандат како селектор на холандската репрезентација“, рече Куман и додаде дека поразот бил болен со оглед на тоа што целта на „Лалињата“ била да се направи историски резултат на Светското првенство. „Сите сонувавме за Светско првенство каде што ќе пишуваме историја. Тоа не се случи. Никој не е поразочаран од мене“, рече холандскиот стручњак. Куман истакна дека секогаш ја преземал одговорноста за резултатите на тимот, но додаде и дека неодамнешните настани го навеле на самоиспитување. Тој им се заблагодари на играчите, тренерскиот штаб, Фудбалската асоцијација на Холандија и навивачите за довербата што му ја покажаа за време на неговиот мандат, објавија агенциите.Тагови: Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски: Со Лилд, македонските земјоделски производи добиваат извоз на европскиот пазарРаботењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица. “Навистина ми е драго што денеска сме тука и означуваме почеток на еден огромен објект за Струмица и за целиот регион. Многу значи тоа што најголемиот бренд во трговијата, во малопродажбата, како што е Лидл доаѓа во Македонија. Тоа многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис климата. И драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможиме да се реализираат инвестиции кои што се некаде околу 200 милиони евра планирани во државата, што е огромна работа. Ние се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место, 200 милиони евра за економија како нашата, како македонската, е огромна работа и навистина сме благодарни на таа работа и сакаме максимално да ја поддржиме”- истакна Николоски. Тој потенцира дека од оваа инвестиција најголем бенефит ќе имаат земјодлеците, токму од Струмичко. “ Убеден дека Лидл Македонија но и пошироко ќе ги препознае и најдобрите производи од Струмица и од Струмичко. Најубавите раноградинарски производи се произведуваат токму тука. И сум убеден дека бројни производи од Струмичкото поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Знам дека веќе Лидл прави извоз и сакам да се заблагодарам за тоа. Многу значи за земјоделците, ова е земјоделски крај и ова е крај каде што се заработува со мака, со пот, се почнува да се работи многу рано наутро. И луѓето знаат да го ценат трудот и затоа сум благодарен што успевате да најдете пласман за нивните производи и сериозно да влијаете на подобрување на цената на производите, така што благодарам многу за таа работа”- рече заменик претседателот Николоски. Упати честитки за реализација на инвестицијата, до општина Струмица која силно го поддржува овој проект и потенцриа дека Владата останува посветена на поддршка на секоја инвестиција која влијае врз севкупната економија. “ Во следниот период ќе продолжиме да даваме поддршка секаде онаму каде што можеме, да ги олесниме процедурите. Во таа насока направивме измени на Правилникот за урбанистичко планирање, со што објекти како овој треба да стануваат реалност во целата држава, што поскоро и што побрзо. И на тој начин да продолжи да се развива целата оваа приказна, а се надевам дека за многу скоро, некаде таму околу Нова Година, ќе ги видиме и првите Лидл маркети отворени во Македонија, како би имале сите едно прекрасно искуство и на пазарување, но исто така и на користење на македонските производи”- рече во своето обраќање вицепремиерот Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБунраку демонстрација во КинотекаБунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. На 30ти јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кинотека. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени на театарската уметност, во кои преку префинета куклена игра и богата нарација оживеаја приказни стари со векови. Бунраку е јапонски професионален куклен театар. Развиен главно во текот на 17 и 18 век, тој претставува една од четирите форми на јапонскиот класичен театар, покрај кабуки, но и кјоген. Терминот „бунраку“ потекнува од „Бунраку-за“, името на единствениот комерцијален театар за бунраку што опстанал до денес.. Бунраку е познат и како „нингјо џорури“, назив што упатува на неговото потекло и суштина. „Нингјо“ значи „кукла“, а „џорури“ е стил на драмско наративно пеење придружено со трожичниот инструмент шамисен. Заедно со кабуки, бунраку се развивал како дел од живата трговска култура на периодот Едо (1600–1868). Иако користи кукли, бунраку не е детски театар. Од околу 700 драмски дела создадени во периодот Едо, приближно 160 останале во денешниот репертоар. Претставите, кои некогаш траеле цел ден, денес се скратени од првичните шест на два или три чина. Нингјо Џорури Бунраку е прогласен занематеријално културно богатство на Јапонија во 1955 година, а во 2008 година е впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО (првично прогласен во 2003 година), стои во соопштението од Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook