Фото: Искра Лоренс, убавица со раскошни облини - Канал 5

Фото: Искра Лоренс, убавица со раскошни облини

Атрактивната и раскошна плус сајз манекенка Искра Лоренс е позната во светот како една од најагажираните малку покрупни “ манекенки во светот.

Русокосата Искра ја сакаат милион жени во светото поради тоа што таа им помага своето тело да го прифатат онакво какво што е .

-Бев тинејџерка која не сакаше да го погледне своето тело во огледало. Сакав да го променам своето тело.Сега дојдов до моментот кога можам да трчам гола околу поради тоа што сфатив дека нема да дојде крајот на светот ако имам целулит и полни бутини: Убавината е многу повеќе од физичкиот изглед, истакна атрактивната Искра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Општина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. 

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата.

Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег.

„Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер