Фото: Ирина Шајк во врска со познат спортист?! - Канал 5

Фото: Ирина Шајк во врска со познат спортист?!

Руската убавица, манекенката и модел Ирина Шајк повторно е во врска со светската спортска ѕвезда. Некогашната девојка на Кристијано Роналдо има ново момче. 

Фото: Ирина Шајк во врска со познат спортист?!

Иако последните месеци се пишуваше дека поранешните сопружници, манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер се смириле и повторно се вљубени. Бредли и Ирина дури и објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, а заминаа и на одмор со својата ќерка, а тоа израдува многу нивни обожаватели, но светските медиуми сега шпекулираат со нова љубов на убавата Русинка.

Медиумите сега ја пренесоа веста дека сексапилната Ирина наводно е во врска со спортистот Том Брејди.

Како што пренесува „Њујорк пост“, Ирина била видена како влегува во домот на Брејди навечер и излегува од него дури наутро околу 9:30 часот. Потоа двајцата заедно влегле во автомобилот, а спортистот цело време нежно ја галел манекенката.

- Том е навистина возбуден бидејќи ова се случува, тој чувствува дека целосно се разбираат, а таа го смета за исклучително интересен, претприемнички и има паметна смисла за хумор. Таа не е само авантура, а тој навистина сака тие да успеат – изјавил извор близок до парот за споменатите медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци е подготвено за Тиквешкиот Гроздобер 2026

Градот на грозјето и виното повторно живее во ритамот на најголемата винска традиција!

Јанчев: Кавадарци е подготвено за Тиквешкиот Гроздобер 2026

Улиците се украсени, атмосферата се загрева, а Кавадарци е подготвено да ги пречека сите гости со многу музика, вино, традиција и незаборавна забава.

Тиквешки Гроздобер 2026 – празник на грозјето, виното, културата и гостопримството!

🍇 Добредојдовте на Гроздоберот! ❤️- напиша првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена (61) спие во „плакар“ и заштедила 1.000 евра: „Во креветот само спијам“

Од стара ниша направила необична спална соба.

Жена (61) спие во „плакар“ и заштедила 1.000 евра: „Во креветот само спијам“

Бенита (61) од Стокхолм спие во мала ниша налик на плакар, а тврди дека класична спална соба никогаш не ѝ била потребна. Со преселувањето во помал стан ги намалила трошоците и добила поголема слобода.

Кога Бенита (61) се преселила во мал стан во историска зграда од 1898 година, во срцето на Стокхолм, многумина биле изненадени од една работа – таа одлучила својата спална соба да ја замени со мала ниша налик на плакар.

Сепак, Бенита не смета дека поради тоа нешто изгубила. Напротив, вели дека животот во помал простор ѝ го донел токму она што ѝ било потребно: помали трошоци, помалку обврски и повеќе слободно време, пишува „Лепа и среќна“.

„Во креветот само спијам“, објаснува таа.

Бенита легнува околу девет часот навечер, станува во пет часот наутро и, како што вели, во спалната соба поминува само онолку време колку што ѝ е потребно за спиење и местење на креветот.

Затоа, класичната спална соба никогаш не ѝ била приоритет.

Помал стан, поголема слобода

Со одлуката да се пресели во помал стан, Бенита го растоварила домашниот буџет за околу 1.000 евра. Помалата хипотека ѝ донела и помал финансиски притисок, но и поголема слобода.

За неа тоа било поважна придобивка од дополнителната просторија што речиси и да не би ја користела.

Бенита и порано имала необични решенија за спиење. Во еден стан креветот ѝ бил сместен во дел од дневната соба, додека во друг спиела во подрумот.

Поради тоа, како што вели, навикнала на реакциите од луѓето кои сметаат дека секој простор за спиење мора да изгледа како класична спална соба.

Овој „плакар“ крие интересна приказна

Просторот во кој денес спие на прв поглед изгледа како голем плакар, но неговата историја е многу поинтересна.

Станува збор за оригинален ходник во зградата од 1898 година. Некогаш го поврзувал дуќанот со станбениот дел во кој живееле трговците.

Поради конструкцијата на старата зграда и носечките ѕидови, просторот не можел едноставно да се отстрани или да се спои со остатокот од станот.

Затоа Бенита решила да го претвори во нешто корисно.

Наместо неискористената ниша да ѝ претставува проблем, таа од неа направила мал, интимен простор за спиење. Ваквиот начин на организирање на просторот не е целосно нов. Креветите сместени во ниши или затворени простори биле познати во Шведска уште во 19 век.

Таквите кревети, познати како „skåpsäng“, денес често се поврзуваат со традиционалниот и рустикален ентериер.

Бенита, сепак, на своето катче му дала помодерен изглед. Стариот кревет на спрат кој се наоѓал во нишата го заменила со нов кревет, а ѕидовите и таванот ги обоило во смирувачка земјена нијанса.

Додала бели ленени завеси за да го сокрие гардероберот и на просторот да му даде помек изглед.

Вратата на нишата, која претходно била светлозелена, ја обоилa во длабока чоколаднокафеава боја.

Резултатот е мал, топол агол кој повеќе наликува на внимателно осмислена ниша за одмор отколку на класичен плакар.

„Не ми е клаустрофобично“

На социјалните мрежи имало и такви кои коментирале дека спиењето во ваква ниша би било непријатно или би предизвикувало чувство на клаустрофобија.

Бенита, сепак, не гледа така на тоа.

Една од причините е и висината на таванот. Во станот таа изнесува околу 3,3 метри, поради што малата површина на нишата не остава ист впечаток како класичен низок и затворен простор.

За Бенита најважно е што просторот е прилагоден на нејзините вистински потреби.

Нејзината филозофија е едноставна: ако просторијата ја користите само неколку часа дневно, можеби нема потреба за неа да издвојувате голем дел од домашниот буџет.

Наместо поголема квадратура, таа одлучила парите и времето да ги вложи во она што ѝ е поважно.

А нејзиниот мал „плакар“ за спиење е токму пример како историски, наизглед неупотреблив простор може да стане еден од најинтересните делови од еден стан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село

Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство.

Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво.

Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства.

На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети.

-Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски.

Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер