ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
1ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
2СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
Шоу бизФото: Ирина Шајк секси мама!! На крајот на март убавата манекенка Ирина Шајк и нејзиниот партнер актерот Бредли Купер станаа родители на едно мало девојченце , кое го доби името Леа де Шеин.Атрактивната мама Ирина многу брзо по породувањето се појави на филмскиот фестивал во Кан во блескава жолта тоалета, која ја откри нејзината совршена фигура. Ирина изгледа навистина прекрасно, како воопшто да не се породила пред само два месеци. Појавата на Ирина на црвениот тепих во Кан ги остави сите присутни без здив, бидејќи никој не очекуваше дека убавата манекенка само два месеци по породувањето ќе ја врати својата препознатлива става. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минутиЕден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции. Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди. Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен. COACH JOKER 🃏 After dropping a triple-double in 3 quarters of play (22p, 11r, 10a), Nikola Jokić remained locked in on the bench to help guide his team down the stretch! The @nuggets pick up the preseason win 👏 https://t.co/HIVQcapvsE — NBA (@NBA) October 12, 2026 Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле. Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата. Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона. Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на МакедонијаВо улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт.СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт. Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт. Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго. Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки. Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда. По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат. Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава. Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси. Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси. Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талогАгенција платена 400.000 евра да направи истражување. Прво објавија рејтинг од 19,3 проценти за ВМРО-ОКГ. Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19%. Тоа е падод преку 40 проценти на довербата од сопствените гласачи. Не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале да штелуваат. Не ги објавија затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот. Народот ги виде сите лаги пласирани и преку медиумите Орбан-Вучиќ што со години ги носеа. Трета економија во Европа. Први во туризам. Лидери во авиосообраќај. Пензии 16 пати поголеми. Потоа друга анкета. Од истата агенција дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот. Прославата на 35 години независност, 41,2 проценти имале позитивен став. Значи народот бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра. Тоа е доказот за добар живот? Нема пари за земјоделците. Нема пари за студентите. Нема за работниците. Има за Гета и за провизија. Луѓето немаат пари. Владата не дава минимална плата од 600 евра. Арамијата најавува просек од 1.000 евра. Сè бајки. Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион. Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот. За пензии фалат околу една милијарда евра. Вториот пензиски столб е пред национализација. Во буџетот фалат 900 милиони евра. Долгот е зголемен за околу 4 милијарди за две години. Нови 250 милиони задолжувања за до крајот на годината. Тоа е релноста. Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов - “талог”. Прашуваат дали на народот му се допаѓа што го викаат талог. Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог. Дали некој некогаш видел ваква анкета? Прво призна пад од 40%. Потоа рекоа дека народот сака да плаќа за Гета и провизија на арамијата. На крај дека народот сака да го викаат талог. Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават. Економијата е во колапс. Од ходник дипломатија - земја е изолирана. Целосно незадоволство кај народот. Нека граѓаните сами ја оценат оваа анкета. Мицкоски го поддржа Орбан за изборите. И неговиот ментор исто така објавуваше анкети. Видовме како помина. СДСМ ја враќа довербата. Власта ќе се врати во рацете на народот. А бандата ќе одговара пред независно судство и, најбитно, пред европско обвинителство. Пред Лаура Ковеши. Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00