ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
2ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваФото: Ирина Шајк на забава со екс момчето Канје ВестПопуларните џетсетери, руската манекенка Ирина Шајк и раперот и продуцент Канје Вест едно година во разделбата се видени заедно на забава во Лондон. Канје Вест и Ирина Шајк повторно се забележани на исто место и во исто време, повеќе од една година откако беа во романтична врска. Двојката беше забележана на забава во Лондон одржана по модната ревија на „Burberry“ пролет/лето 2022 година. На настанот присуствуваа и моделите Наоми Кембел, Бела Хадид и Едвард Енинфул од британскиот Вог. За потсетување, Канје и Ирина првпат беа поврзани во летото 2021 година. Медиумите потоа шпекулираа дека Ирина и Канје раскинале по околу три месеци врска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
ЕвропаФранција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затворВо Франција, 47-годишен маж беше осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ја обезглави наставничката која го казнила неговиот син. Пресудата беше изречена во итна постапка, шест дена по инцидентот во основно училиште во селото Ле Фога во близина на Тулуз во југозападна Франција, објавува Би-Би-Си. На наставничката ѝ е дадена официјална заштита и моментално е на боледување. Поради инцидентот што се случи минатиот петок, нејзините колеги не одржаа часови во понеделник. Францускиот министер за образование, Едуар Жефри, изјави дека ниту еден наставник не треба да се плаши да си ја врши работата и дека нападот врз еден од нив е напад врз целата институција. Жефри во текот на летото протурка закон кој го штити училишниот персонал од „значајни ризици“ по безбедноста или здравјето што може да ги претставуваат членовите на семејството на учениците. Министерот истакна дека ова е еден од првите случаи во кои ќе се применува новата регулатива. Текот на настаните Раководителот на одделот за образование на Тулуз, Карим Бенмилуд, потврди дека таткото бил повикан во училиштето на разговор. Градоначалникот на Ле Фога, Жан-Мари Пуиг, објасни за BFMTV дека момчето било немирно на час, па затоа било испратено во друго одделение за да се смири. Детето продолжило да се однесува лошо таму, а наставничката го опоменала. Таткото бил налутен. Според градоначалникот, тој ја сретнал наставничката пред училиштето и ѝ се заканил дека „ќе ѝ ја отсече главата да беше машко“. Таткото подоцна се извинил, но против него била поднесена кривична пријава. Судска одлука Таткото на момчето се појавил пред судија во Тулуз завчера попладне. Според извештаите од францускиот суд, судијата му рекол дека таквите изјави се вознемирувачки. Обвинителот побарал шест месеци домашен притвор, но судијата му одредил затворска казна поради сериозноста на неговите постапки. „Навистина не сум горд на себе“, рекол таткото на момчето, според обвинителите. Казната бара од него да посетува курс за граѓански права и одговорности и му забранува да има каков било контакт со наставничката или да се приближува до училиштето. Пропис донесен во Франција во јули дозволува префрлање на ученици доколку постои сериозен ризик за персоналот. Се верува дека момчето и неговата помлада сестра ќе бидат префрлени во друго училиште. Се вели дека наставничката, која е во своите 50-ти години, е во длабок шок по заканите. Извор: Индекс.хрТагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапиДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен. Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови. ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет? СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните. Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност. СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото. 4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ. Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“. Un train déraille en Seine-Maritime, 44 blessés dont une personne en urgence absolue pic.twitter.com/bH4BRfA6Yx — BFM (@BFMTV) September 11, 2026 140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.Тагови: воз Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05