Фото: Хју Грант заспа на Вимблдон на меч на Ѓоковиќ - Канал 5

Фото: Хју Грант заспа на Вимблдон на меч на Ѓоковиќ

Мегапопуларниот актер Хју Грант е „уловен“ како дреме на тенискиот Грен слем во Вимблдон на четвртфиналниот меч Новак Ѓоковиќ - Флавиус Коболи.

Фото: Хју Грант заспа на Вимблдон на меч на Ѓоковиќ

Мечот на најтрофејниот светски тенисер на Грен слемот во Вимблдон од трибините го следеа многу познати имиња.

Хју Грант, кралицата Камила, Питер Филипс и многу други познати лица уживаат во натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиус Коболи.

Купер Кох, Џо Алвин и Мет Бонер внимателно го следеа движењето на топката, додека Хју Грант се чини дека во еден момент заспал во одлучувачкиот момент, на крајот од првиот сет, што беше уловено од камерата.

Британскиот актер Хју Грант е редовен гостин на Вимблдон, па сите се воодушевени бидејќи одбиваат да веруваат дека актерот си дозволил да заспие за време на натпреварот.

Инаку, Хју Грант еднаш изјави во медиумите дека е обожавател на Новак Ѓоковиќ, па можеме да претпоставиме дека ова е само незгоден момент кога актерот бил „уловен“, бидејќи да не заборавиме дека Грант, како голем обожавател на белиот спорт, се појавува на многу турнири како Ролан гарос, Вимблдон, и тоа редовно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упасен е лидер на заливскиот нарко картел- почна бран насилство на северот на Мексико (ВИДЕО)

Мексиканските федерални власти го потврдија апсењето на Аксел Алфредо Карденас Родригез, познат како „Ел Титан“ или „Аксел“, висок член на Лос Сиклонес, една од главните фракции на Заливскиот картел.

Упасен е лидер на заливскиот нарко картел- почна бран насилство на северот на Мексико (ВИДЕО)

Апсењето предизвика блокади на патиштата, вооружени судири и смртни случаи на цивили во северната гранична држава Тамаулипас.

Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфух, рече дека Карденас Родригез бил цел со висок приоритет поврзана со убиства, киднапирања, изнуда и шверц на дрога, оружје и луѓе во Соединетите Држави.

Гарсија Харфух, исто така, рече дека се верува дека осомничениот наредил вооружен напад на 17 мај врз федералните полицајци кои го обезбедувале надворешниот периметар на американскиот конзулат во Матаморос. Еден мексикански полицаец беше убиен во нападот.

Специјалните сили на мексиканската армија и Националната гарда го уапсија Карденас Родригез и уште еден осомничен во Матаморос по операција заснована на воено разузнавање, изјави секретарот за безбедност.

Властите запленија оружје, муниција, дрога и возило за време на операцијата. Двајцата осомничени беа префрлени со авион во Мексико Сити и предадени на Канцеларијата на специјализираниот обвинител за организиран криминал, објави УПИ.

Карденас Родригез е дел од криминално семејство со седиште во Матаморос. Тој е син на Хозе Алфредо Карденас Мартинез, познат како „Ел Контадор“, кој е обвинет во Соединетите Држави за трговија со кокаин, метамфетамин и фентанил и сè уште е предмет на постапка за екстрадиција.

Според порталот Инфобае, истрагите покажуваат дека Лос Сиклонес управувал со прекугранична мрежа за шверц која превезувала оружје и пари од Соединетите Држави во Мексико, додека шверцувала мигранти, фентанил и други дроги во спротивна насока.

Лос Сиклонес и Лос Ескорпионес, друга фракција на Заливскиот нарко картел поврзана со семејството Карденас, исто така се поврзани со киднапирањето на четворица американски државјани во Матаморос во март 2023 година, случај истражуван од ФБИ и други американски федерални агенции.

Апсењата предизвикаа моментален насилен одговор од локалните криминални групи. Осомничени членови на картелот поставија повеќе барикади користејќи запалени возила по главните автопати што го поврзуваат Матаморос со Рио Браво и Сиудад Викторија, главниот град на државата, објави „Мексико дејли њуз“.

Американскиот конзулат издаде безбедносно предупредување за своите вработени и ги повика американските граѓани да ја избегнуваат погодената област. Немирите ги нарушија комерцијалните активности и доведоа до претпазливо затворање на училиштата низ пограничниот регион.

Властите за транспорт и цивилна заштита, исто така, објавија смртоносни инциденти поврзани со барикадите, вклучително и несреќа во која загинаа четири лица откако возило удри во запален товарен камион што блокираше автопат.

Едно друго, седумгодишно дете, државјанство на САД, беше убиено откако беше затекнато во вкрстен оган за време на вооружените судири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се обидува да ја замолчи СДСМ што ја открива вистината.

Ова го истакна секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за Канал 5, посочувајќи дека Мицкоски е човекот кој е уплашен, а не опозицијата.

„Тој се плаши, бидете сигурни. Тоа што го слушнавте и што го видовте беше уплашен човек. Со право уплашен“, рече Жерновски.

Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредува за Алта банка, но власта ниту ги демантираше укажувањата, ниту пак презеде соодветни чекори. Напротив, Мицкоски овозможи сомнителен капитал да влезе во земјава, а сега се заканува со апсења на оние што го критикуваат.

„Ниту еднаш не бевме демантирани, ниту бевме послушани. Да бевме послушани тогаш немаше да се случи сè ова. Зошто се случи ова? Затоа што Мицкоски овозможи на својот бизнис партнер и политички ментор, јас тоа отворено го кажувам а тоа е Вучиќ, таков капитал да влезе во оваа држава и сега да се заканува со апсења на тие што го критикуваат“, рече Жерновски.

Жерновски посочи дека доколку Македонија беше членка на Европската Унија, Алта банка немаше да може да влезе во државата,заради тоа што и Европската централна банка забрани влез поради сомнежите околу потеклото на парите и ризиците што ги носи банката.

„Да бевме ние членки на Европската унија, немаше ни да влезе Алта банка, затоа што Европската централна банка веќе оцени дека таа банка не може да влезе на пазарот на Европската унија, затоа што под број еден има сомневање во потеклото на парите, под број два поради перење на пари и под број три што тоа носи безбедносен ризик за целиот регион“, рече Жерновски.

Во интервјуто Жерновски посочи дека недозволиво е министерката за финансии Димитриеска-Кочоска да тврди дека гувернерот Славески не ја консултирал за влзеот на Алта банка кога постои записник од седница на Влада во кој јасно се гледа на предлог на министерката Владата разгледувала прашања поврзани со понудата за преземање акции од Алта банка и со шеснаесет јавни институции.

„Веднаш добивме материјал којшто сакам денес да го презентирам. Не само што била информирана министерката, туку токму на предлог на Кочоска се носени заклучоци директно поврзани со понудата за преземање на акции од страна на Алта банка и на шеснаесет јавни институции“, рече Жерновски.

Воедно, Жерновски истакна дека недозволиво и неодговорно е Славески да тврди дека не знаел кој е сопственик на банката и дека не го интересирало тоа, кога во надзорниот одбор на банката прв на листата е сега уапсениот сопственик, Давор Мацура.

„Трајко Славески вели: „Не ме интересира кој е сопственик, ниту знам кој е сопственик.“ Така беше. Па вие во двор некој да пуштите, ќе се интересирате кој е. Тоа е првата грешка и за тоа треба да одговара“, рече Жерновски.

Жерновски нагласи дека одговорноста не е само кај гувернерот, бидејќи јасно е дека тој не постапувал самостојно, туку по наредба на Мицкоски.

„Не требаше воопшто, да влезе банка со таков капитал. Кога ќе дозволите влез на криминални пари, тоа ќе ви се случи. Трајко Славески го овозможи, но пак велам, тој тоа не го направи сам. Тој тоа го направи по наредба на Мицкоски и денеска ќе кажам дека ќе дојде денот кога тој прв ќе каже од кого ја добил наредбата. Памтете ми го зборот“, рече Жерновски.

Тој порача дека нервозата на Мицкоски е резултат на информациите кои излегуваат на виделина не само за Алта банка туку и за другите скандали.

„Ние во СДСМ знаеме зошто е нервозен. Затоа што најлошото допрва доаѓа. Тогаш ќе дојдеме до петте тони дрога, бидејќи клопчето веќе почна да се одмотува. Е, тука е нервозата и за сите други работи. Е, кога ќе се отвори таа точка, тогаш ќе видите зошто се заканува Мицкоски“, рече Жерновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новинарот на Канал 5, Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“

Новинарот и уредник  на Канал 5,  Александар Видиновски вечерва ја промовираше својата прва книга насловена „На местото на настанот“.. 

Новинарот на Канал 5, Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“

Книгата носи лични сведоштва од речиси две деценска новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку непосреден сведок на важни домашни и светски случувања..

Книгата не е само хроника на големи настани, туку и лична приказна за стравот, адреналинот, професионалната одговорност и созревањето на новинар, кој со години се обидувал да стигне што поблиску до вистината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер