Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ЗабаваФото - Хит пост: Ѓоковиќ и Јокиќ со пехари качени на кочијаНа почетокот на јуни најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и најкорисниот кошаркар на финалето во НБА, Никола Јокиќ, стигнаа до неверојатни успеси.Ѓоковиќ го освои рекордниот 23 Грен слем тофеј, а Јокиќ го водеше Денвер до историскиот прв шампионскиот прстен во НБА. Српските спортисти јавно си честитаа, а Ѓоковиќ сега сподели уште една објава посветена на него и Јокиќ, која експресно стана хит. Новак сподели интересен цртен на кој тој и Јокиќ се нацртани во кочија и ги носат трофеите од Ролан Гарос од НБА, како и МВП-трофејот на Јокиќ. Јокиќ кој е познат како одгледувач на расни коњи дојде во својот град по прославата на титулата и присуствуваше на трките на хиподромот во Сомбор, додека Ѓоковиќ најпрвин остана во Португалија на краток одмор, а потоа пристигна во Црна Гора каде ги продолжи подготовките за Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаботник загина при пад од височина на градилиште во СкопјеПедесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера попладнето на 10 јули околу 14:05 часот, кога тој паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. Според здружението за заштита при работа, лани во земјава загинале 31 работник, што е речиси двојно повеќе во однос на 2024-та, кога биле регистирани 17 жртви.Тагови: градилиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителитеФилипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-ОблешевоПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен - оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните земјоделски гранки во државата. Земјоделците производители на ориз на средбата алармираа дека големи количини на ориз од ланската година стојат по амбарите, бидејќи нема откуп. Филипче посочи дека земјодеците немаат никаква информација ниту за откупните цени, ниту за субвенциите за новата сезона. „Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче. Притоа, Филипче додаде дека дополнителен удар за оризопроизводителите се најавите дека откупната цена ќе биде ниска и недоволна да ги покрие ниту основните трошоци за производство. „Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска. Додека во времето на нашите влади откупната цена беше над 40 денари, сега е по 20 денари за килограм. Неколкукратно трошоците за производство ги надминуваат откупните цени. Дополнително, нема откуп и нема доволна количина која се откупува од оризот“, рече Филипче. На средбата, Филипче нагласи дека поради негрижата на Владата на ВМРО, земјоделците ја губат довербата во институциите, а состојбата во оризопроизводството е директна последица на негрижата и неспособноста на власт. „Трагична, трагична незаинтересираност на власта. Огромна разочараност има кај земјоделците. Губат верба во државата поради лошата Влада, гледаат дека во производството на ориз практично немаат никаква иднина и луѓето стравуваат дека целиот овој сектор практично може да се соочи со прашањето дали воопшто ќе функционира во следниот период, во капацитетот во кој што тука бил со децении. Од овие плодни полиња коишто ја хранеле Македонија, кои што биле извор на репроматеријали, ориз и сѐ друго што се произведува тука, кое се извезувало од нашата земја, а тие сега се соочени сега со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекотоСточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман.Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува значаен чекор кон стабилизирање на сточарското производство во регионот. Покрај ова, се разговараше и за откупната цена на млекото, исплатата на субвенциите, како и за други прашања што се важни за унапредување на условите за работа на сточарите. „Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“ истакна Серафимовски. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи активно да се залага на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, обезбедувајќи конкретни резултати и поддршка за домашното производство, со цел изградба на силен, конкурентен и одржлив аграр и сигурна иднина за македонските граѓани. Центат за комуникции и аналитика ЗНАМТагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter