ЗабаваФото: Го заборави Бредли, Ирина во друштво на друг маж!?Убавата руска манекенка Ирина Шајк кој во последните неколку месеци многу често беше присутна во медиумите поради разделбата со актерот Бредли Купер е видена во друштво на друг маж.Атрактивната Ирина која во моментов престојува во Њујорк папараците ја фотографирале во друштво на друг маж . Според некои медиуми станува збор за нов маж во нејзиниот живот, но подоцна се испоставило дека Ирина е видена во друштво на својот пријател Алек Максвел, креативниот директор на британското издание на „Вог“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаПо 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести. На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување. Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности СВР Штип и СВР СкопјеНа 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“. Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници. На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други. Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook