3Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци
ЗабаваФото: Ѓоковиќ ја „боцна“ НБА лигата: Објави карикатура од Јокиќ и Шеј, сите знаат што кажува!!Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ сними порака за поддршка на најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ, кој остана без 4. МВП признание во НБА.Шеј Гилјус-Александер е награден за ѕвездената сезона со Оклахома сити, но нема сомнение дека ова е еден од најконтроверзните избори на МВП во НБА. И покрај тоа што в сабота го игра финалето на АТП турнирот во Женева, Ѓоковиќ најде време да му се обрати на својот сонародник и најдобриот центар на планетата. Откако му ја честиташе историската сезона, Новак сподели интересна фотографија. На сликата се прикажани карикатури на Шеј и Јокиќ кои го бркаат МВП трофејот, но Србинот ја продолжува својата потрага по титулата GOAT, која е симболизирана со коза во оваа смешна монтажа.Тагови: НБА Никола Јокиќ Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Предложен притвор за семејно насилство во ГевгелијаОсновното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда .Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата сопруга по претходна вербална расправија во домот околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената. Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди – повеќе крвни подливи. Вечерта на 19 јули, откако оштетената го пријавила во полициската станица и заминала во куќата кај нејзината ќерка, обвинетиот испратил СМС порака со заканувачка содржина на телефонот на ќерката дека ако сопругата не се врати дома тој купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Имајќи ги предвид сите околности, а особено фактот дека обвинетиот ги сторил кривичните дела во услови кога е осуден за претходно сторено кривично дело загрозување на сигурноста и му е изречена мерка – условна осуда 3 месеци, а за која рокот на проверка од 1 година се уште трае, јавниот обвинител оцени дека е неопходно да предложи да му биде определена мерка притвор додека трае новата постапка против него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКина ги забрани партнерките и партнерите со вештачка интелигенцијаМилиони тагуваат поради дигитални раскинувања Кина ги забрани апликациите за персонализирани партнери со вештачка интелигенција, принудувајќи милиони корисници на ненадеен дигитален прекин на врските.Прописите стапија на сила на 15 јули 2026 година и беа заеднички издадени од пет владини оддели, вклучувајќи ја и Администрацијата за сајбер простор на Кина. Правилата наведуваат дека алатките за вештачка интелигенција не смеат „прекумерно да им се додворуваат на корисниците, да предизвикуваат емоционална зависност или зависност воопшто, или да ги нарушуваат вистинските меѓучовечки односи на корисниците“. Компаниите сега мора да вградат опции за моментален излез, редовни потсетници дека вештачката интелигенција не е реална и ограничувања на долгорочната емоционална меморија. Алатките за учење и работа се исклучени. Компаниите ByteDance, Alibaba и Tencent одлучија целосно да ги суспендираат своите функции на придружници на вештачката интелигенција, наместо да се придржуваат кон новите правила, објавува The Independent. Строгите мерки се поврзани со падот на стапките на брак и наталитет во Кина, бидејќи регулаторите се загрижени дека врските со вештачката интелигенција ја заменуваат вистинската интимност, иако експертите забележуваат дека подлабоките проблеми, како што е економскиот притисок, играат поголема улога. Укинувањето на овие опции предизвика вистинска тага на мрежата „Веибо“, каде што корисниците ја архивираа преписката и се збогуваа.Тагови: вештачка интелигенција Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook