Фото: Георгина и Кристијано на романтична вечера - Канал 5

Фото: Георгина и Кристијано на романтична вечера

Вереницата на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Кристијано Роналдо, убавата Георгина Родригез објави фотографии од романтична вечера и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Фото: Георгина и Кристијано на романтична вечера

Фановите веднаш забележале промена на лицето на атрактивната Родригез.

- Љубов моја прекрасна - напиша Георгина под неколкуте објавени фотографии кои експерсно собраа фантастични 5 милиони лајкови.

Обожавателите не штедеа комплименти: „Совршен пар“, „Најдобар пар“, се само дел од коментарите што ги добија.

Сепак, некои забележаа еден детаљ на лицето на убавата Аргентинка.

Наводно ставила хијалуронска киселина во усните

Што направи со усните“, напишаа обожавателите „Усни полни со хијалурон“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет.

Пожар потпомогнат од ветер се прошири

Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери.

Превентивни евакуации

Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот.

Прекин во сообраќајот

Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.

„Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили.

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор.

39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

Премиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство

Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер