ЗабаваФото: Формула 1 во сенка на Џеј ЛоСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез го засени најбрзиот циркус на светот, трките од Формула 1.Британскиот коментатор на Скај Спортс Дејвид Крофт се најде на удар на критики на јавноста поради непримерната шега на сметка на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез. „Жешката“ латиноамериканка со својот изглед ги засени сите присутни на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 во Џеда. 55-годишната Џеј Ло во тесен, розов комбинезон во стилот на Барби предизвикуваше воздишки додека се шеташе низ боксовите и разговараше со шефот на Ф1, Стефано Доменикали и застана до гаражата на Ферари. Додека Џеј Ло позираше пред фотографите, Крофт коментираше: „Изненаден сум што сега е тука – мислев дека ја чека вечерва“. Потоа додаде: Фановите на Џенифер Лопез ќе разберат“. Крофт алудираше на нејзиниот хит од 1999 година „Waiting for Tonight“. Сепак, многумина ја оценија оваа шега како сексистичка и непримерна. Реакциите на социјалните мрежи беа различни. Некои корисници изразија незадоволство, сметајќи дека коментарот е несоодветен, додека други го бранеа Крофт, посочувајќи дека тоа е безопасно повикување на популарна песна. И покрај контроверзите, Џенифер Лопез продолжи со својот настап на концертот по трката, воодушевувајќи ја публиката со својот настап.Тагови: Формула 1 Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМал авион се урна во Хрватска Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин. „На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДрамски театар со претставата „Мачкина глава“ го отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот.Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што провоцира, преиспитува и не молчи. „Фестивалот е мост меѓу традицијата што ја наследуваме и иднината што ја создаваме – меѓу минатото, сегашноста и новите театарски визии“ - велат организаторите предводени од уметничката директорка на фестивалот проф. д-р Ана Стојаноска. Со праизведба на „Мачкина глава“ на 21 април годинава Драмски ја одбележa 80-годишнината на театарот. Претставата е работена по текст на Венко Андоновски. Режисер на претставата е Дејан Пројковски. За текстот на „Мачкина глава“ Андоновски ја добил наградата на ЕУРОДРАМ ̶ за најдобри драми во Европа во 2022 година. Авторот за текстот ја сподели мислата дека: „Се прашував дали е возможно денес да се напише ‘Диво месо’ од Горан Стефановски. Ги задржав контурите на ‘Диво месо’ и во ‘Мачкина глава’ се обидов да го искажам крикот на денешниот свет. Свет на војни и цивилизациски неразумности на релација Исток-Запад во кој ние како општество, цивилизација и култура сме на граничникот.“ Режисерот Пројковски за претставата кажа дека е работена како постмодерна базирана на два пола, традицијата и катарзата во која се преклопуваат личната среќа и љубовта, страсти, желби и соништа на „малиот човек“. Во уметничкиот дел од тимот на претставата „Мачкина глава“, режисерот соработуваше со сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска, асистентка на костимографката е Марија Ѓоргиевска, а музиката во претставата ја компонираше Горан Трајкоски. Скулптор е Ангел Петровски, а фотограф Драган Гајиќ. Инспициент во претставата е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска. Ликовите во претставата „Мачкина глава“ и актерска екипа се: Спиридон - Рубенс Муратовски, Марија - Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѕвездан - Филип Трајковиќ, Симон - Александар Степанулески, Сара - Сара Климоска, Џорџ - Игор Ангелов, Мериен - Сања Арсовска, Штерјо - Златко Митрески и Панзо - Предраг Павловски. Во официјална селекција на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ се избрани претставите (подредени се по азбучен ред од насловот на претставата): „Амадеус“ од Петер Шефер во режија на Андреј Цветановски, продукција на Турски театар – Скопје; „Едмонд“ од Дејвид Мамет, во режија на Оливер Мицевски, продукција на Народен театар – Битола; „Ивона принцезата на Бургунд“, од Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски, продукција на Театар „Комедија“ – Скопје; „Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Народен театар – Куманово; „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Драмски театар – Скопје; „Носорози“ од Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, продукција на Албански театар – Скопје; „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар – Штип; „Страв и надеж“ по мотивите на Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје; „Црнила“ според Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; „Челинџ“, автор и режисер: Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци – Скопје. Фестивалски Прилеп ги поканува љубителите на театарот да го прославиме заедно јубилејот на најстариот македонски театарски фестивал и да зачекориме во еден храбар нов театар – театар без молк, театар што го менува светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити му се заканува на Реал Мадрид со тужба поради Халанд: „Нема шанси!“ Енрике Рикелме, човекот кој ја сака претседателската фотелја во кралскиот Реал Мадрид, предизвика шпекулации во јавноста со објавата дека ќе го доведе Ерлинг Халанд ако го победи Флорентино Перез на изборите.Неговата смела објава, иако без вистинско известување, која ја даде пред камерите пред милионска публика можеби предизвика еуфорија меѓу навивачите на Реал, но предизвика и непосредни негативни реакции од другата страна на Европа. -Халанд во Реал! Од Манчестер Сити дури најавуваат и тужба против Рикелме затоа што го искористил имиџот и делото на фудбалерот од нивниот клуб за изборни цели. Недолго откако Енрике вети дека ќе го доведе Халанд, но и Родри, се огласи Манчестер Сити, тим со кој Норвежанецот има договор до 2034 година. „Приказните што се појавија во Шпанија во врска со иднината на Ерлинг Халанд се неточни. Нема шанси да се случи такво нешто бидејќи клаузулата во договорот на играчот не го дозволува тоа“, се јасни од Сити. Англискиот клуб ја разгледува опцијата за поднесување тужба против Енрике Рикелме. „Разгледуваме правни мерки поради употребата на карактерот на нашиот играч во овој контекст“, се наведува и во соопштението за медиумите на „граѓаните“. Набргу потоа, агентот на Халанд, Рафаел Пимиенто, и таткото на Ерлинг, Алф-инге, заеднички се огласија. „Сето ова е многу забавно, но не е вистина. Им посакуваме на двајцата претседателски кандидати се најдобро на изборите во Реал Мадрид“, изјавија „тие“. Рикелме очигледно мораше да излезе со силен адут пред претседателската битка со Перес (7 јуни), но со Халанд, се чини, постигна само автогол што можеше скапо да го чини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook