Фото: Фолксваген кој кога бил нов чинел повеќе од Порше - Канал 5

Фото: Фолксваген кој кога бил нов чинел повеќе од Порше

Реткиот автомобил од 1959 година е базиран на Фолскваген Буба.

Фото: Фолксваген кој кога бил нов чинел повеќе од Порше

Исклучително реткиот Фолксваген „Beutler 1.2“ од 1959 година, еден од само 28-те примероци некогаш произведени. Ќе се појави на аукција во јули и се очекува да биде продаде по цена од 80.000 до 120.000 швајцарски франци.

Интересно е тоа што всушност се работи за возило механички базирано на култната Фолскваген Буба, додека каросеријата е сосема нова и изработена од лесен алуминиум. Со должина од 4,35 метри, моделот „Beutler“ е и поголем од Буба.

Автомобилот е дело на браќата Фриц и Ернст Бојтлер, а во времето кога се појавил на пазарот пред повеќе од 60 години, имал почетна цена од 14.950 швајцарски франци.

Тоа било голема сума на пари во тоа време, особено ако се земе предвид дека нова Буба можела да се купи за 6.490 швајцарски франци. Во тоа време, „Beutler 1.2“ бил дури поскап од Порше 356.

Повеќето од 28-те примероци имале стандарден мотор и менувач од Буба, но шест од нив биле опремени со помоќен 1,3-литарски од гореспоменатото Порше 356.

Овој конкретен примерок бил нов нарачан од дилер на Фолксваген од Швајцарија и првично бил обоен во светло-кафеава металик боја со контрастен црн покрив и беж внатрешност. Автомобилот се сменил во доцните 1990-ти и е темелно реставриран.

Беутлер 1.2 бил префарбан во оригиналната нијанса на светло кафена металик за време на реставрацијата, додека покривот бил префарбан во темно кафена боја.

Променет е и двобојниот ентериер, а ремонтирана е и механиката. Како што се наведува, реставрацијата траела неверојатни 11 години, оттогаш автомобилот ретко се користел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)

Пожарот на локалитетот Гач кај Владимир во општина Улцињ се прошири во текот на денот, загрозувајќи одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

Пожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)

Дирекцијата за заштита и спасување е информирана дека пожар на локалитетот Гач во градот Владимир, во општина Улцињ, се проширил во текот на денот.

Пожарот во моментов се заканува на одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето и го фаворизираат ширењето на пожарот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Припадници на Службата за заштита и спасување на општина Улцињ, имено пожарникари и спасувачи со расположиви возила, се на местото на настанот.

Воздухоплови од Министерството за внатрешни работи се пренасочени кон оваа локација со цел пожарот да се стави под контрола што е можно поскоро.

Се очекува да пристигнат и членови на Службата за заштита и спасување на главниот град Подгорица за да пружат помош на местото на пожарот.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ја следи состојбата на терен преку Оперативно-комуникацискиот центар 112 и им дава поддршка на надлежните служби.

Како што е наведено, Министерството за внатрешни работи ги координира и активностите за ангажирање на расположливи воздухоплови, во согласност со потребите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во Скопје

Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени.

Муцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во Скопје

„Денеска имав задоволство да се сретнам со Мат Киатипис, едно од најпрепознатливите имиња на глобалната 1-на-1 кошаркарска сцена, кој деновиве престојува во Скопје.

Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени од страната на неговата мајка, а оваа посета е можност одблиску да ја запознае земјата од која потекнува дел од неговото семејство.

Разговаравме за спортот како мост меѓу луѓето, за моќта на новите дигитални платформи, но и за значењето на одржувањето на врската со новите генерации Македонци ширум светот.

Корените поврзуваат, без разлика каде сме родени и каде живееме.

Welcome Matt [🇲🇰] [🏀]“- стои во објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“

Една недела пред истекот на крајниот рок за притворот на Артан Груби, Обвинителството поднесе обвинение против него и против уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“.

Обвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“

Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор.

Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот. И покрај тоа, во 2023 година била започната постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари. Информацијата стигнала до генералниот секретар на Владата, кој ја ставил како дополнителна точка на дневен ред, иако, според обвинителството, требало да ја упати до надлежниот орган. Со тоа, според обвинението, бил заобиколен пропишаниот начин на одлучување и била отворена патеката за набавката, со која според обвинителството, на Државна лотарија и била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра.

-Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво. – соопштија од Обвинителството

За останатите шестмина обвинети, Обвинителството бара мерки на претпазливост, јавување во Судот, одсемање на патните исправи и забрана за приближување и воспоставување конракти со определени лица.

Инаку, Артан Груби беше недостапен за органите на прогонот од декември 2024 година, кога ја напушти земјава и по него беше распишана меѓународна потерница. По повеќе од 14 месеци бегство, на 23 февруари годинава се врати во Македонија преку Блаце и беше приведен. Иако претходно му беше определен притвор во отсуство, по враќањето мерката му беше заменета со куќен притвор, со 24-часовен полициски надзор, поради проценка дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер