Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално
1Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
2ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално
АвтомобилизамФото: Фолксваген го претстави најмоќниот Голф во историјатаНовиот Голф „R“ има дури 320 коњски сили.Фолксваген објави фотографии и технички детали за новата генерација на моделот Голф „R“ кој е помоќен од претходникот за околу 30 коњски сили. Под хаубата на најмоќниот сериски Голф во историјата се наоѓа 4 цилиндарски турбо-бензин мотор кој произведува 320 коњски сили. Силата се пренесува на сите четири тркала преку 7 степен автоматизиран менувач со двојно квачило. Интересно е дека на европскиот пазар на купувачите нема да им биде достапен мануелен менувач, додека Американците опционо новиот Голф „R“ ќе можат да го порачаат и со таков тип на преносен систем. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч. Голф „R“ е опремен со специјална спортска суспензија, благодарение на која возилото е спуштено за 20 мм во однос на стандардниот модел. Возачите имаат на располагање 6 различни режими на возење. Големата моќ на моторот мора да биде проследена и со соодветни сопирачки, па новиот Голф „R“ напред има дискови со пречник од 358 мм и дебелина од 33мм. Надворешноста на најмоќниот Голф се разликува од регуларниот модел по различниот браник, аеродинамичните додатоци на праговите, специјално дизајнираните 19 инчни алуминиумски бандажи, а најмногу по големиот спојлер на завршетокот на кровот. Дизајнот на екстериерот е завршен со дифузор на долниот дел од задниот браник од кој излегуваат 4 масивни издувни цевки потпишани од страна на Акрапович. Новиот Голф „R“ во продажните салони ќе пристигне наредната година, а цената во Германија стартува од 42.259 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаНиколоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка. Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура. Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа. На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај. Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушалноВнукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава. Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално. Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари. На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook