Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Други спортовиФото финишот на 400 метри за Британката ОхурогуНа третиот ден на Светското првенство во атлетика во Москва највозбудливиот натпревар беше трката на 400 метри во женска конкуренција. Британката Кристина Охурогу стана нова светска шампионка на оваа патека откако во последните метри ја мина шампионката од Даегу (2011 година), Амантле Моншо од Боцвана. Како што јави МИА, и двете атлетичарки имаа резултат 49.41 секунди, но фото финишот реши златниот медал да биде на градите на Охурогу. Британката светска шампионка беше и во 2007 година. Бронзениот медал и припадна на Антонија Кривошапка од Русија. На трката од 100 метри кај жените доминација на натпреварувачката од Јамајка, двократната олимписка шампионка и најдобрата од Светското првенство од 2009 година Шели Ен Фрејзер Прајс истрча 10.71 секунди - најдобро време оваа година. Сребрениот медал и припадна на Мурели Ауре од Брегот на Слоновата коска со време - 10.93 секунди, а шампионката од Даегу, Американката Кармелта Џетер освои бронза со резултат - 10.94 секунди. Во фрлање ѓуле кај жените златниот медал го освои Валери Адамс од Нов Зеланд, што за неа е трет триумф по ред на светските првенства. Трикартната светска и двократна олимписка шампионка Адамс ѓулето го фрли 20.88 метри. Второто место и припадна на Германката Кристина Шваниц, а трета заврши Лијао Гонг од Кина. Со најдобар резултат оваа сезона на 110 метри со пречки - 13.00 секунди, Американецот Дејвид Оливер го освои златниот медал. Среброто му припадна на неговиот сонародник Рајан Вилсон, а бронзата на Русинот Сергеј Шубенков. Без медал останаа Американците, светскиот рекордер Ариес Мерит (6.место) и светскиот шампион од Даегу, Џејсон Ричардсон (4.место). Во дисциплината скок со стап кај мажите триумф и злато за Германецот Рафаел Холцдепе, кој прескокна 5.89 метри во прв обид. Истата височина ја прескокна и олимпискиот шампион Французинот Рено Лавилени, но тој за разлика од Германецот ја прескона во третиот обид. Бронзениот медал го освои Германецот Бјорн Ото прескокнати 5.82 метри. Во фрлање кладиво кај мажите најуспешен беше Павел Хајдек од Полска, кој кладивото го фрли 81.97 метри. Второпласиран беше Кристијан Парс од Унгарија, а трет заврши Лукаш Мелич од Чешка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаПо забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!По видеото на новинарот Александар Видиновски, поставено е ново македонско знаме пред Министерството за култура и туризам.Брза реакција од Министерството за култура и туризам, по забелешката на новинарот на Канал 5, Александар Видиновски во врска со искинатото македонско знаме поставено пред оваа институција. Сега пред Министерството се вее ново знаме на Македонија, онака како што доликува. Тагови: Александар Видиновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаМицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите. Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија. Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот. - Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша. Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“. – Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупаДокументација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски - Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев . – Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски. За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело. -Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев . Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter