3Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
КултураФото: Филмот „Врба" на Манчевски се снима на локации низ СкопјеВчеравечер, во центарот на Скопје се снимаше една од најефектните филмски сцени за најновиот долгометражен игран филм „Врба" во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на Банана филм. Филмскиот сет беше отворен за македонските медиуми, кои можеа да посведочат на работната и беспрекорно креативна атмосфера во која беа вклучени поголемиот дел од актерите, кои играат во филмот. Во Скопје синоќа падна пороен дожд, вештачки произведен за филмската сцена која се снимаше и во која актерот Петар Мирчевски во улогата на Ставре „доживува сообраќајна несреќа", по која беше однесен со амбулантно возило во болница. На сетот покрај режисерот и неговиот посветен тим зад камерите, беа присутни младите актери Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Тино Костадиновски... и секако актерскиот ветеран Петар Мирчевски, кој игра и во претходните четири играни филмови на Манчевски снимени во Македонија. Ова е негова петта соработка со најтрофејниот македонски режисер по кој повод изјави: „Ова ми е петти филм со Милчо Манчевски. Играв во „Пред дождот", „Прашина, „Мајки" и во „Сенки". Ние сме практично како режисерското – актерско дуо Скорсезе и Де Ниро. Ако не му е срам во следните негови филмови нека не играм", шеговито изјави Петар Мирчевски. Синоќа, македонските медиуми имаа шанса да погледнат филмски сет на кој се работеше во беспрекорна тишина, посветеност, врвна професионалност и синхронизираност, својствено како и за сите досегашни филмови на Манчевски. Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Испреплетени приказни за љубов и доверба – од македонското средновековие и од македонската сегашност - се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба" имаат слични грижи, радости и соништа. Во Скопје деновиве се снима современиот, урбан дел од филмот, откако заврши снимањето на делот од 17 век. Режисерот Манчевски на паузата од сетот за медиумите изјави дека штотуку се вратил од 17 век каде што, рече, си поминал многу убаво со ликовите Донка и Милан. На прашањето зошто избрал љубовна приказна, одговори дека тоа е приказна која посакала да биде раскажана и дека често приказните сами го избираат него, а не тој нив. „Никогаш не постои ниту само историски, ниту само љубовен или само политички филм. Ако е добар филмот или ако е добар романот, тогаш тие се секогаш повеќе работи во исто време. Секогаш се покомплексни и раскажуваат за различни работи во исто време. Врба е филм, кој долго време го чував во себе, а почна да се дефинира пред 4 години, приказните беа подготвени да се филмуваат мината година, и еве годинава веќе ги снимаме, за догодина филмот да биде подготвен да се прикажува во кино", изјави Манчевски. Актерката Наталија Теодосиева, која го игра ликот на Родна во филмот изјави: „Родна е лик од современата приказна во филмот, дејствието се случува во Скопје, овде и сега. Таа потекнува од типично македонско семејство, се вљубува во еден искрен, срамежлив и голем човек и со него планира семејство. Сепак се појавуваат проблеми, врзани со желбата за дете и понатамошната борба за потомство..." Инаку, шестиот по ред долгометражен игран филм „Врба" на Манчевски започна да се снима на 25 октомври во близина на прилепското село Крушевица. Во првите неколку недели филмот се снимаше во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец и во Преспанскиот Регион. По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. Главните улоги во филмот ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс" заедно со Ричард Брансон. Филмот е во продукција на „Банана филм" и е македонско - унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика. На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните. Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај. Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат. Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите. Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетикаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем. Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите. Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри. „Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите. „Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката. Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата. Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваатФилипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото. Почитувани, Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео. Почитувани, За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео. Почитувани граѓани, Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook