3ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба некој да ги посочи, СДС сами се препознаа дека е талог кој, како сидро, го влече народот во нихилизам и убивање на надежта
Шоу бизФото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година Таа се појави на црвениот тепих во елегантен, драматичен црн фустан од „Александар Меквин“. По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала Лондон 2025“, одржана во хотелот „Кимптон Фицрој“ во Лондон во саботата навечер. Почесна улога на добротворната вечера Познатата 39-годишна актерка беше почесен претседател на настанот. Таа се појави на црвениот тепих во елегантен, драматичен црн фустан од „Александар Меквин“. Долгата, лелеава силуета со набори и проѕирни детали од чипка на врвот даваше совршена рамнотежа помеѓу сензуалноста и софистицираноста. Тенките прерамки и длабокиот V-изрез ја нагласуваа женственоста, додека асиметричниот раб и луксузно набраната ткаенина создаваа впечаток на леснотија и движење. Целиот изглед беше комплетиран со едноставна фризура и дискретен накит. Нови проекти во подготовка Иако не беше на црвените теписи, Емилија беше многу зафатена. Обожавателите можат да очекуваат наскоро да ја видат во неколку нови проекти, вклучувајќи криминалистичка драма за „Прајм Видео“, шпионски трилер за „Пикок“ и анимиран филмски мјузикл. Извор: Индекс.хрТагови: Емилија Кларк фустани црвен тепих Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година. Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации. Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината. Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата. Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРоманската нуклеарна централа не може да се ладиРоманската нуклеарна централа не може да се лади,започнато е ископување во речното корито на Дунав.Надлежните органи во Романија спроведуваат обемна интервенција на Дунав со цел да се одржи водоснабдувањето неопходно за работата на нуклеарната централа „Чернавода“. Започнато е и минирање на карпести формации за да се пренасочи текот на реката. Оваа мерка се презема поради екстремно ниското ниво на водата во реката, предизвикано од тешката суша што го зафати целиот регион, објави порталот Brasov.net. Операцијата се одвива во областа на кракот Бала, каде што тимови составени од претставници на армијата, речната управа, Романската агенција за води и други надлежни институции вршат детонирање на карпести формации познати како „Паржоаи“ (Paržoai). 🇷🇴У Румунії контрольовано підірвали Дунай, щоб спрямувати більше потоків до єдиної в країні атомної станції у місті Чорнавода. Через обміління один з реакторів АЕС довелось вимкнути, оскільки їх охолоджують водами Дунаю. У сусідній Угорщині ситуація ще критичніша — очікують на… pic.twitter.com/Fb0Xo2fIsb — 5 канал 🇺🇦 (@5channel) August 3, 2026 Целта е да се промени протокот на вода така што поголема количина ќе биде насочена кон Стариот Дунав, а со тоа и кон доводниот канал на нуклеарната централа. Во неделата околу пладне беше извршена пробна експлозија за да се проверат техничките услови пред главната операција. Експертите ќе ги анализираат резултатите за да ги утврдат следните чекори. По минирањето, проектот предвидува поставување на четири баржи натоварени со околу 500 тони камен. Тие ќе помогнат да се пренасочи текот кон делот од реката што ги снабдува постројките за ладење на централата. Истовремено, во таа област продолжуваат работите за продлабочување на коритото со цел да се подобри циркулацијата на водата. Наглиот пад на водостојот предизвика проблеми како за производството на енергија, така и за пловидбата. На влезот на Дунав во Романија, протокот изнесува околу 1.600 кубни метри во секунда, што е значително под долгорочниот просек од приближно 4.700 кубни метри во секунда. Тешките услови доведоа до ограничувања на пловидбата на неколку делници од реката, каде што бродовите беа принудени да пловат со намален товар. Во изминатите денови, неколку шлепови се насукаа на песочни спрудови, а операциите за нивно ослободување беа отежнати. Романската влада одобри околу седум милиони леи (околу 1,3 милиони евра) за овие активности. Сепак, експертите посочуваат дека интервенцијата е сложена и дека нејзината ефикасност ќе зависи од движењето на водостојот на Дунав во наредниот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter