Фото: Елегантната Шерон Стоун воодушеви во Кан - Канал 5

Фото: Елегантната Шерон Стоун воодушеви во Кан

Холивудската ѕвезда, актерката Шерон Стоун поставува своите модни правила на Канскиот филмски фестивал.

Фото: Елегантната Шерон Стоун воодушеви во Кан

68- годишната Шерон Стоун не е само актерска легенда, туку и вистинска модна икона која дури и во својата седма деценија не престанува да привлекува внимание и да предизвикува восхит - не само со својот одличен изглед, туку и со држењето до својот стил, своите ставови и сè што заслужено ја носи титулата една од најпосакуваните жени во светот.

Канскиот фестивал не би блескал без неа, особено без нејзиното модно издание во кое блескаше на премиерата на филмот „Фјордови“. За оваа свечена пригода, каде што многумина едвај чекаа да ја видат, таа избра гламурозна креација со спектакуларни детали; фустан од лондонскиот бренд Miss Sohee за 2026 година и рече дека не ги следи модните правила, туку самата ги создава.

Нејзиниот раскошен фустан е направен од многу детали со монистра кои раскажуваат посебна приказна и му даваат автентичност на фустанот, а креацијата првично го нагласува струкот на познатата актерка, што изгледа нереално.

Иако секоја година Кан воведува построги правила, вклучително и забрана за носење облека што го попречува движењето на гостите на црвениот тепих, Шерон Стоун не обрна внимание на тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во близина на Солун, евакуирано населението

Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.

Пожар во близина на Солун, евакуирано населението

Телото на лице кое сè уште не е идентификувано е пронајдено денес во шумската област Дервени во близина на Солун, каде што се гаси голем пожар, додека една жена се здобила со изгореници, а на жителите на блиското село Лити им е наредено да се евакуираат, соопштија грчките власти.

Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.

Грчките служби за итни случаи испратиле две пораки до граѓаните преку системот за известување за итни случаи 112.

Првата ги предупредила за пожарот, додека втората наредила евакуација на жителите на селото Лити.

Пожарникарите евакуирале 40-годишна жена со изгореници од дворот на куќа, која потоа со брза помош била однесена во болница во Солун.

Според грчките медиуми, жената се здобила со изгореници главно на рацете, како и на бутот и вратот, а нејзината здравствена состојба е стабилна и не е опасна по живот.

Пожарникари, волонтери, припадници на грчката полиција и служби за итна медицинска помош се распоредени на местото на настанот, учествувајќи во гаснењето на пожарот и обезбедувањето на загрозеното подрачје.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и воздушни противпожарни хеликоптери, додека на местото на настанот се испратени и цистерни со вода од регионалните служби.

Според дневната проценка на ризикот од пожар, областа моментално е во зона со висок ризик за појава и ширење на пожар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот.

Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем.

Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана.

Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакна дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски

Заврши извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се утврдија новите имиња кои влегуваат во реконструираната влада.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски

ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Ѓоко Велковски и Сашо Клековски.

На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ, информираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски соопшти и дека се укинува министерството за добро владеење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер