Фото: Екс тенисерка од Црна Гора одлично заработува со провокативни фотки - Канал 5

Фото: Екс тенисерка од Црна Гора одлично заработува со провокативни фотки

Поранешната тенисерка Тамара Бојанипред  неколку години важеше за голема надеж на црногорскиот тенис, но животот ја одведе во сосема друга насока.

Фото: Екс тенисерка од Црна Гора одлично заработува со провокативни фотки

Многумина предвидуваа дека таа ќе биде новата Ана Ивановиќ, особено што како тинејџерка се проби на 1024. место на ВТА листата, а на сите им се чинеше дека ќе го продолжи патот кон врвот.

Но, атрактивната Црногорка реши да стави крај на кариерата во 2016 година и да го замени тенискиот рекет со мобилен телефон со кој ги прави своите разголени фотографии и ги прикачува на сајтот за возрасни - „Onlyfans“.

Таа сега наплаќа 10 евра за гледање во нејзиното тело, на секој што е подготвен да плати.

Тамара пред десетина години беше дел од ФЕД Купот селекцијата на Црна Гора, а во 2013 и 2014 година забележа фантастични резултати на јуниорските турнири, дури одигра неколку турнири во сениорска конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести низ Грција- учениците и студентите направија хаос во Атина, 20 уапсени (ВИДЕО)

Денеска во Грција се одржуваат масовни протести на ученици и наставници, со кои се бараат значајни промени во јавното образование. 

Масовни протести низ Грција- учениците и студентите направија хаос во Атина, 20 уапсени (ВИДЕО)

Демонстрации беа организирани во Атина, Солун, Патра, Лариса, Волос и Крит, а меѓу главните причини за незадоволство се зголемените трошоци за студирање и кризата со домувањето, објави Ројтерс.

Претставници на образовните синдикати, студентските здруженија и други организации од образовната заедница се придружија на протестите, додека Синдикатот на државни службеници АДЕДИ прогласи прекин на работата за вработените во јавниот сектор за да можат да учествуваат во демонстрациите.

Поради собирањето на демонстрантите, центарот на Атина е затворен, како и метро станицата „Универзитет“. Автобусите и тролејбусите работат нормално, но привремени промени се воведени на некои линии во централниот дел од главниот град.

Денешните демонстрации се продолжение на акциите што започнаа во вторник, кога студентите поставија шатори на плоштадот Синтагма во Атина. Слични протести се одржуваат и во други грчки градови, а учесниците предупредуваат за зголемените трошоци за образование и тешкотиите со кои се соочуваат младите луѓе при наоѓање сместување.

На протестите учествуваат и наставници, болнички лекари и државни службеници, а одлуките за штрајкови и прекини на работата варираат од сектор до сектор.

Според достапните информации, полицијата привела вкупно 20 лица во Атина и Солун.

Внимание привлекуваат и транспарентите на демонстрантите, со пораки на француски јазик, вклучувајќи го и слоганот „Студии или преживување?“, кој укажува на финансиските проблеми на учениците и сè потешките услови за продолжување на образованието.

Мобилизацијата доби поширок карактер благодарение на учеството на Грчката федерација на наставници (DOE), Федерацијата на вработени во средно образование (OLME), студентските координативни тела, студентските здруженија и други претставници на образовната заедница.

Демонстрантите бараат промени во јавниот образовен систем и решавање на проблемите што, како што велат, влијаат не само на секојдневниот живот во училиштата, туку и на можноста на младите луѓе да започнат и да продолжат со високо образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР. 

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

12 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Охрид, Претор, Лазарополе, 18 Тетово, Маврови Анови, 20 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 21 Крива Паланка, Демир Капија, 22 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Берово, Струмица, 23 Виница, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 17 часот во (l/m2)

1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладнево во западните делови имаше повремен локален дожд.

До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.

Кремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“.

Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков.

Претставникот на Трамп разговараше со Путин

Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“.

За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков.

Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков.

Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер