ЗабаваФото: Екс српска кошаркарка во најмало бикиниНекогашната најдобра кошаркарка на светот, Србинката Милица Дабовиќ ги „запали“ социјалните мрежи.Атрактивната Милица се појави скоро гола на социјачните мрежи, - го сврте грбот кон камерата, а на неа само ленти! Старите фотографии на Милица Дабовиќ, која никогаш не криела дека направила естетски интервенции и го корегирала својот изглед, предизвикаа голем интерес на социјалните мрежи. На сликите пред корекцијата таа изгледа сосема поинаку, а сега повторно е цел на коментари поради провокативните фотографии кои ги објави на својот Инстаграм. Милица веќе некое време се одмара и ужива во летните денови, а нејзините следбеници беа сведоци на бројни жешки кадри. По сликите на кои ја покажа тетоважата меѓу градите, се појави и онаа на која го истакна „задникот “. Поранешната кошаркарка позираше во базен облечен во минијатурно црно бикини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан Драма на небото: Прозорец на авион се скрши, патниците спасувале Србин (ВИДЕО)Вистинска драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил кратко по полетувањето.За време на летот, се слушна силен тресок, по што еден од прозорците на авионот целосно се скрши, изјави еден од патниците за порталот „rthess.gr“. Кабината веднаш изгубила притисок и маските за кислород биле активирани. Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да извлекува 61-годишен српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец, пренесува „Proto thema“. Телото на мажот било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасил безбедносниот појас, како и патниците кои седеле до него и го влечеле назад, велат очевидци за Радио Солун. Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, а успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот „Македонија“ во Солун. Според последните информации, повредениот Србин бил однесен во болница со возило на брза помош поради повреда на вратот. Лекарска помош му е укажана и на бремена жена која е префрлена во болницата „Ипократио“, каде по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето и таа е пуштена дома, пренесува „Euronews“. Тагови: авион драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаМФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓанитеЗголемена транспарентност и подобар надзор согласно европските стандарди.Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг. Новите правила носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.“ Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма, доколку се исполнети условите согласно прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи. Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски согласно амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот. Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност. Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи, заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор, на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос. Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари. Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Трета економија на празни фрижидериХристијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати. Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година. Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа. Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот. Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада. Наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал. Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква. Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат. Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап животи, ниски плати и несигурна иднина. Ова не е успех. Ова е систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази. Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат од она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook