Фото: Екс српска кошаркарка со голи гради

Поранешната српка кошаркарка Милица Дабовиќ повторно ги израдува фановите на социјалните мрежи со провокативни фотки.

Атрактивната екс кошаркарка позираше во мокра маица под која се гледаа брадавиците.

Милица Дабовиќ по завршувањето на кошаркарската кариера се посвети на сликањето за мрежата „Onlifens“.

Оттогаш спортистката привлекува невидено внимание, а нејзините провокативни фотографии наидоа на многу коментари.

Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

 Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.

Пожарот е ставен под контрола, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари.

Маск и Гренел се залагаат за затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Пратеникот на Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, и првиот човек на телото за ефикасност, Елон Маск, преку објави на социјалните мрежи побараа затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“.

„Тие се медиуми финансирани од американските даночни обврзници и се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со децении. Тоа е остаток од минатото. Не ни требаат медиуми финансирани од државата“, напиша Гренел, а Маск се надоврза на неговите зборови и целосно ја поддржа оваа позиција.

„Да, затворете ги. Европа е слободна сега не сметајќи ја задушувачката бирократија. Никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, напиша Маск на платфромата X.

Сопственикот на Далас откри зошто го трејдувал Лука Дончиќ!

Патрик Думон, сопственикот на Далас Маверикс, конечно реши да проговори за заминувањето на  најголемата ѕвезда на клубот, Словенецот, Лука Дончиќ, по се позачестените критики за франшизата поради разделбата со словенечката ѕвезда.

Зборувајќи за „Dallas Morning News“, Димон ги отфрли тврдењата дека Дончиќ го напуштил Далас поради финансиски причини и ја сподели својата верзија на приказната.

- Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност на работата и работат напорно за да придонесат за шампионски исходот на првенството. Ако не го направите така, ќе следи пораз - објасни тој.

Сопственикот на Далас, јасно стави до знаење какви вредности очекува од своите играчи, па како пример ги наведе најголемите легенди на НБА.

- Ако ги погледнете великаните на оваа лига, луѓето со кои пораснавме вие ​​и јас – Џордан, Бирд, Коби, Шек – работеа навистина напорно, секој ден, единствено фокусирајќи се на победата. А ако го немате тоа, тогаш нема резултати. И ако го немате тоа, не треба да бидете дел од Далас Маверикс. Тоа е она што го сакаме. Јас сум категоричен за ова. Целата организација го знае тоа. Така работам надвор од кошарката. Ова е единствениот начин да се биде конкурентен и да се победи. Ако сакате да одите на одмор, не правете го тоа со нас.

Но, и покрај разделбата, Думон не штедеше пофални зборови за Дончиќ и истакна дека се уште има голема почит кон него.

- Јас сум голем фан на Лука. Моето семејство исто така. Навистина го ценам она што тој го донесе во овој тим, она што го донесе во Далас. Тој е неверојатен играч. Сакам да знаете дека навистина ги чувствувам сите наши навивачи кои се повредени. Видете, што се однесува до мене, Лука засекогаш ќе биде Маверикс и навистина не му посакувам ништо друго освен среќа и успех во кариерата – заклучил Думон за „Dallas Morning News“.

притисни ентер