Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!! - Канал 5

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Од шампионка на Вимблдон до сајт за возрасни!

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Поранешната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

- На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години - изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

- Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се сликате целосно голи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер