Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција
2Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција
3Филипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок
ЗабаваФото: Екс членката на групата “Hurricane”во провокативен стајлингПејачката и поранешна членка на српската поп групата „“Hurricane”“ Сања Вучиќ ја воодушеви јавноста со фотки на кои позира во провокативен стајлинг.Со фотографиите атрактивната пејачка предизвика „хаос“ на социјалните мрежи. Имено, пејачката објави фотки кои ги предизвикаа нејзините фанови да се прашуваат дали на фотографиите таа е целосно гола или пак има нешто на себе, а оваа мистерија дополнително ја усложнуваат сенките и косата на Сања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапкаЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуцијаАмериканската војска во вторникот употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад врз цели на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) во Иран, пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица.Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања. Овој тип на бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми, поради што неговото распоредување претставува видлива ескалација на воената операција. Б-1 може да лета со брзина поголема од брзината на звукот на мали височини, носејќи притоа најголем товар од бомби во споредба со кој било друг тип на бомбардер. Според американски официјални лица, авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а неговото движење било забележано на јавно достапни сервиси за следење летови. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека тој ден американските сили извршиле напади врз иранските центри за воени операции, поморски објекти, хангари за авиони, магацини за беспилотни летала и логистичка инфраструктура, со цел да се намали способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот сообраќај во Ормускиот Теснец. Не е прецизирано кои цели ги погодил бомбардерот Б-1, ниту дали неговата мисија имала поголем ефект од претходните воздушни напади.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во ЛешокПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо немаат преземено. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за тестирање на водата од примерок земен во болницата, покажува сериозно отстапување од дозволените параметри. „Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е о болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција?“, рече Филипче На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека ваквата неодговорност на власта директно го загрозува здравјето на граѓаните и побара итна реакција од надлежните институции. „Што е целта?Да се загрози здравјето на сите луѓе во државата.Бараме итно вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата. Јавно да се објават резултатите од физичките анализи - матност, мирис и останатите параметри, од хемиските анализи - нитрати, нитрити и амонијак, како и микробиолошки анализи и податоците за хлорирањето“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 23.07.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33