Фото: Ед Ширан ослабе 14 килограми и ги покажа мускулите! - Канал 5

Фото: Ед Ширан ослабе 14 килограми и ги покажа мускулите!

Светската музичка ѕвезда Ед Ширан реши да направи драстична промена на себе, скромниот пејач сега има сосема ново тело.

Фото: Ед Ширан ослабе 14 килограми и ги покажа мускулите!

„Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“.

Познатиот пејач Ед Ширан воведе драстични промени во својот живот, се ослободи од некои лоши навики и успеа да ослабе дури 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар модел за своите ќерки.

Ед позирал за насловната страница на списанието „Men's Health“ и во таа пригода открил што го навело да се подложи на новио режим и да ослабе.

Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.

„Мојата најдобра пријателка беше кај мене дома и пиевме шише вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако сакам да се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски околу децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рекол Ед.

Па така, наместо пиво по настапот, Ед почнал да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди по пабови и кафулиња - по своите концерти, одлучил директно да оди во хотелската соба.

Самиот Ед Ширан ги сподели своите фотографии на Инстаграм и откри некои детали од неговата трансформација.

„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапчиња и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам сите тие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Сакам црвено вино, сакам добар оброк, но не е секој ден“, напишал мегапопуларниот Ед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер