Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди
2Николоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекорди
3Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците
Шоу бизФото: Долги години беше една од најзгодните жени на светот, сега има 53 годиниЖената која поради беспрекорната фигура го заработи прекарот „Тело“, новогодишните празници ги минува на егзотичните Бахами. Во шестата деценија од животот и понатаму нема проблем да се соблече во бикини.Својот совршен изглед славната манекенка Ел Мекферсон им го должи на здравиот живот,здравата исхрана, редовниот сон, секојдневните тренинзи и пиењето на најмалку три литри вода. Убавата Ел на жешките Бахами без проблем се соблече во минијатурно бикини и го покажа совршениот стомак. 53- годишната Ел по две бремености се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаСДСМ: Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓанитеСе случува тоа што го најавивме. Нов ребаланс на Буџетот само по два месеци од последниот. Тоа ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски. Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Следуваат нови долгови врз грбот на народот. Веќе Владата се задолжи со нови 250 милиони евра, за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на недостигот во државната каса. Тоа е резултатот од економските политики на Мицкоски: Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните слушаат бајки за економски успеси. Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода. Дефицитот во Буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ достигна една милијарда евра. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата трупа долгови за да ги покрива основните обврски. Со новото задолжување јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија надминува 63% од БДП. Должничко ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, само за две години. Половина од вкупниот долг на државата во изминатите 30 години. Кредитот не е приход, туку тешка обврска што ќе ја враќаат граѓаните, работниците и следните генерации. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Развојот на ависообраќајот е производ на паметните политики на Владата, секој месец рушиме рекордиУспехот што го постигнуваме во развој на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. Секој месец рушиме рекорди. Во јули месец, споредено со јули минатата година, двата аеродроми пораснаа 21%, август пораснаа 31%- вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Кога бевме избрани, вкупната фреквенција на сообраќај на двата аеродроми заедно беше некаде околу 2 милиони и 400 илјади. Јас очекував до крајот на првиот мандат на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу 3,2 – 3,3 милиони патници, а веќе стигнавме за една година на 3 милиони патници и оваа година е само прашање на среќа, буквално на десеттина илјади патници, дали ќе стигнеме до 4 милиони патници. Значи, држава со милион и 800 жители има 4 милиони патници на двата аеродорми. Дополнително на тоа, ние го снабдуваме приштинскиот аеродром целосно со керозин и снабдуваме голем дел од потрошувачката на нишкиот аеродром. Исто така на Скопскиот аеродром е третата најголема база на компанијата Визер, во моментов најголема европска компанија после Туркиш Ерлајнс во авиоиндустријата и сите нивни авиони коишто преноќуваат на Скопскиот аеродром се најновите Ербаси, “Airbus A321Neo”, коишто најмалку загадуваат” – истакна вицепремиерот Николоски Во делот на Охридскиот аеродром, вицепремиерот вели дека има огромен раст на сообраќајот, со можност Визер, базата да ја прошири и во Охрид со уште еден авион. “ Концесијата кога е дадена, во неа пишуваше дека до 2030 година Охридскиот аеродром ќе достигне 130.000 патници. Значи тоа го определил концесионерот и државата. Оваа година Охрид ќе помине 350.000–400.000 патници, со многу голема шанса да го замине Нишкиот аеродром” – вели Николоски. Најави дека се прецизира отворање на линијата Скопје-Дубаи. “Дубаи е одлична дестинација. Одлична што голем дел од бизнисот веќе се сели во Обединетите Арапски Емирати, зборувам од европскиот бизнис. Оние големи саеми каде што се претставуваат производители веќе мигрираат кон Дубаи, што многу ќе значи за македонските производители од една страна. Од друга страна, очекуваме сè повеќе туристи од Обединетите Арапски Емирати и во Скопје”- истакна Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на ученицитеСо спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.„Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително тука се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен елемент во образовниот процес и затоа континуирано вложуваме во развојот на таа инфраструктура. Децата мора да спортуваат и да го градат тимскиот дух , ако сакаме утре да имаме генерации кои ќе бидат здрави“, истакна градоначалникот Герасимовски. Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација. Реконструкцијата опфати целосно освежување на паркетот, кој е избрусен и лакиран, како и санација на ѕидовите, таваните и нови внатрешни врати. Поставени се нови инвертер-клима уреди и современо ЛЕД-осветлување, а електричната инсталација е целосно заменета. Дополнително, обновени се соблекувалните и кошевите, а во тек е обновување и замена на преостанатите спортски реквизити. Општина Центар, вложувајќи во образованието и спортот, го поттикнува правилниот физички и ментален развој на учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook