Фото:Џошуа го победи Паркер на поени - Канал 5

Фото:Џошуа го победи Паркер на поени

Британскиот боксер Ентони Џошуа по 12 рунди го победи Новозеланѓанецот Џозеф Паркер на поени и обедини четири шампионски титули во тешка категорија.

На спектаклот кој го следеа 80.000 гледачи на стадионот во Кардиф (Велс), по одлука на судиите Џошуа ги одбрани појасите во ИБФ, ИБО и ВБА шампионатите и го доби ВБО трофејот на Паркер.

Досега Џошуа е непоразен и има 21 победа во исто толку борби, од кои дури 20 биле со нокаут. Паркер го забележа првиот пораз во 25 борби.

- Знам дека сите очекуваа нокуат, но Паркер е светски шампион. Мојата стратегија беше да се фокусирам на дирекот, што ми донесе уште една титула, изјави Џошуа по натпреварот.

Судиите гласаа 118-110, 118-110 и 111-109 за Џошуа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјада дополнителни смртни случаи во Франција се должат на топлотниот бран

Франција регистрира дополнителни 1.000 смртни случаи за време на жестокиот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти денес агенцијата за јавно здравје.

Илјада дополнителни смртни случаи во Франција се должат на топлотниот бран

Франција регистрира дополнителни 1.000 смртни случаи за време на жестокиот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти денес агенцијата за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број веројатно ќе биде поголем.

Детализирајќи го прелиминарниот број на дополнителни смртни случаи, француската национална агенција за јавно здравје „Санте Публик“ изјави дека повеќето од смртните случаи се кај постари лица и очекува стапката на смртност да се зголеми како што ќе бидат достапни информациите за смртните случаи во установите за нега и домовите.

Европејците издржаа сурови услови за време на топлотниот бран што е поврзан со десетици смртни случаи. Бранот ги сруши рекордите за топлина, го наруши производството на енергија и ја оштети инфраструктурата.

Научниците рекоа дека топлотниот бран, кој започна на 20 јуни, е најлошиот досега во Европа, каде што климата се менува побрзо од глобалниот просек.

Екстремните температури се намалуваат во Франција

Топлотниот бран се движи кон исток. Но, додека француската метеоролошка агенција соопшти дека екстремната топлина се намалила во поголемиот дел од земјата, некои области на североисток сè уште се под предупредување за топлотен бран.

Министерката за здравство, Стефани Рист, изјави за „Ла Трибјун“ дека ефектите од топлотниот бран би можеле да траат до 10 дена откако ќе се смири времето. „Епизодата не е завршена“, изјави таа за BFM.

Повеќето од смртните случаи се однесуваат на луѓе над 65 години, иако здравствените ефекти од екстремната топлина ги погодија сите категории на населението, според Санте Публик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство", во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.

Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови.

Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот.

Почитувани,

По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија.

Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично.

Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот.

Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер