ЖивотФото: Џиновски зајак – има 23 килограми и годишно јаде 4.000 моркови!Зајакот Дариус тежи 23 килограми, а е долг 1,25 метар што му обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди како на најголемиот зајак во светот.Титулата, како што пишува Дејли мејл, претходно и припаѓала на мајката на Дариус. Но, неговата сопственичка Анет Едвардс (62) планира да го стави на диета бидејќи тој дневно може да изеде по 12 моркови што годишно изнесува над 4.000, а освен тоа страдаат и огромни количества друго овошје и зеленчук, како и посебна, индустриска храна за зајаци. Се тоа, сопственичката ја чини по околу 3.000 евра годишно. Даријус и припаѓа на групата, на таканаречени „џиновски зајаци“, кои вообичаено живеат по четири до пет години, но во добри услови можат да доживеат и седум години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМаск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“ Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“. „Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп. За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again). На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News. Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи. „Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВан Дајк ги открива планови за иднината- Дали летово ќе го напушти Ливерпул?Капитенот на Ливерпул, 35 годишниот Вирџил ван Дајк призна дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра за славниот англиски клуб од Енфилд Роуд следната сезона. Договорот на холандскиот централен дефанзивец истекува во јуни 2027 година, а во интервју за „Скај Спортс“ (Sky Sports), тој не ја исклучи можноста да го напушти „Енфилд“ по речиси една деценија. Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Најважно за мене е да се чувствувам добро и да се грижам за себе. Верувам дека можам да играм уште многу години. Ќе видиме што ќе се случи по оваа сезона. Ако некој тврди дека знае што ќе правам следната сезона, тоа не е точно, бидејќи во моментов, ни јас самиот немам поим“, изјави Ван Дајк. Тој објасни дека не сака премногу да размислува за иднината и дека моментално е фокусиран на натпреварите што му претстојат на Ливерпул: „Ова беше неверојатно патување за мене. До летото ќе поминат речиси десет години откако пристигнав, а Ливерпул стана огромен дел од мојот живот. Засекогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав. Дали ќе го продолжам договорот – ќе видиме. Ако не, ќе се збогувам на лето“. Оваа сезона, Ван Дајк останува еден од најважните играчи на Ливерпул; под водство на Андони Ираола, тимот моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата по десет одиграни кола, со освоени 18 бода. Холанѓанецот ги одигра сите 900 минути во лигата досега, а во неделното дерби против Манчестер Јунајтед би можел да го забележи својот 350-ти настап во Премиер лигата. Ливерпул оваа сезона има остварено пет победи, три нерешени резултати и два пораза, со што заостанува девет бода зад лидерот на табелата, Арсенал. Во одбраната, Ван Дајк најчесто игра во тандем со 21-годишниот Жереми Жакет, кого клубот го доведе од Рен. Холанѓанецот го пофали својот млад соиграч, истакнувајќи дека – и покрај неговата возраст – тој веќе покажал зрелост неопходна за натпреварување на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПожар во ноќен клуб во Никозија – гости останале заробени на балкон Пожар избувнал во ноќен клуб во Никозија, при што повредено е едно лице. Поради чадот околу 50 лица останале заглавени во објектот и се засолниле на балконите каде што останале до гаснењето, при што биле безбедно евакуирани. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, информираше дека околу 2:45 часот добиле пријава за пожар на влез на ноќен клуб во кипарскиот главен град, а од пожарот биле уништени тепихот и паркетот со кои бил обложен влезот на објектот. „Поради чадот, што се прошири на првиот кат, околу 50 лица (гости) останаа заробени во објектот. Еден маж се здоби со изгореници при обид да го изгасне пожарот“, изјавиле од противпожарната служба. Повредениот бил пренесен во болница, а во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила со екипи од противпожарните станици во Никозија.Причините за пожарот треба да ги покаже истрагата, а кипарските медиуми пожарот најверојатно бил подметнат, бидејќи извори од полицијата посочиле дека на влезот била пронајден запалива материја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08