Фото: Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија - Канал 5

Фото: Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија

Една од најубавите жени на светот, мегапопуларната манекенка Џиџи Хадид ги изненади обожавателите со својата објава на Инстаграм.

Фото: Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија

Убавата Џиџи за прв пат објави фотка со партнерот, холивудскиот заводник на манекенки, актерот Бредли Купер, а фотографијата е направена на прославата на нејзиниот роденден.

- Многу сум среќна што наполнив 30 години! Се чувствувам среќна поради успесите, но и падовите, за сите лекции и подароци! Многу сум среќна што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка, колешка на некои од најневеројатните луѓе - започна таа.

Таа изјавила и дека е среќна бидејќи секојдневно ја поддржуваат многу фанови од целиот свет.

- Имав прекрасна прослава. Благослов е да се чувствуваш толку сакано! Благодарна сум и почестена што чекорам во нова деценија“, напиша таа.

Гласините дека Џиџи е во врска со Купер почнаа да се шират во октомври 2023 година, откако беа фотографирани пред ресторан во Њујорк.

Инаку убавата манекенка има ќерка Каи со поранешниот партнер Зејн Малик . Бредли Купер пак од бракот со руската манекенка Ирина Шајк исто така има ќерката Леа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Саудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадион вреден 2,5 милијарди долари, кој требаше да биде еден од објектите за Светското првенство во фудбал во 2034 година.

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Доцнењата во реализацијата на „Неом“ (Neom) – клучен државен проект – поттикнаа сомнежи за иднината на некои од најамбициозните планови на Кралството. Изградбата на стадионот е ставена во мирување, според податоците на „MEED Projects“, платформа што ги следи градежните проекти во регионот.

Платформата го класифицираше проектот како привремено суспендиран, без одреден датум за продолжување на работите. Стадионот требаше да биде лоциран на надморска височина од 350 метри, во рамките на комплексот „Неом“ долг 160 километри, и беше замислен како еден од најсовремените спортски објекти за турнирот.

Саудиска Арабија ја поднесе својата кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2034 година, при што стадионот во Неом беше вклучен меѓу 15-те предложени локации. Според тогашните извештаи на MEED, стадионот требаше да има капацитет од 46.000 гледачи и да се гради како дел од проектот „The Line“.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ го додели правото за домаќинство на турнирот на Саудиска Арабија. На настанот ќе учествуваат 48 национални репрезентации, а тоа ќе биде првпат првенството да се одржи целосно во рамките на една земја. Стопирањето на изградбата на стадионот покренува прашања за иднината на „The Line“, централниот елемент од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Овој план предвидува целосна економска трансформација на земјата преку низа футуристички мегапроекти. Јасир Ал-Румајан, гувернерот на Фондот за јавни инвестиции (PIF) – кој управува со Неом – во април изјави дека „The Line“ повеќе не е приоритет и не се смета за клучен проект пред 2030 година. Сепак, тој тогаш не потврди експлицитно дека некој дел од проектот е откажан.

Од друга страна, саудиското тело одговорно за организација на турнирот во 2034 година тврди дека реализацијата на клучните градежни проекти за настанот е веќе во тек, наведувајќи фотографии од работите на другите стадиони како доказ.

Одлуката е донесена неколку месеци откако беше запрена изградбата на „Мукаб“, масивен облакодер во форма на коцка, наменет да биде централен дел од новиот кварт Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, PIF се префрла од екстремно скапи мегапроекти кон инвестиции за кои се очекува да донесат побрзи финансиски приноси.

Одлуката во врска со Неом се совпаѓа со растечките економски и безбедносни предизвици за Саудиска Арабија. Извозот на енергија е нарушен поради конфликтот во кој се вклучени САД и Израел против Иран, додека јеменските Хути често ја напаѓаат саудиската инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth).

„Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови.

Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. 

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува.

Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси.

Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени.

Магија. Едноставно кажано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер