Фото: Џенифер Лопез и Алекс Родригез уживаа на Француската ривиера - Канал 5

Фото: Џенифер Лопез и Алекс Родригез уживаа на Француската ривиера

Музичката Ѕвезда Џенифер Лопез и поранешниот супер стар на Јенките уживаа на одмор во Франција, следени од толпи папраци.

По серијата фотографии од Париз, најмногу внимание привлекоа сликите на јахта, фотографирани на Антиб, на француската ривиера.

Најголемо внимание привлекоа фотографиите на Џеј Ло во костим за капење додека го масира А- Род , а тој си игра со мобилниот телефон.

Славната двојка на почетокот на неделата од Мајами отпатува во Ница заедно со нивниот менаџер, неколку пријатели и телохранители. Потоа беа видени во Монако на обиколка на казината , за денот да го завршат на неколкучасовна вечера во Езе.

По обиколката со јахта на сите значајни места на Ривиерата , Лопез и Родригез имаа време и за часови по јога во Сен Тропе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор.

Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата.

Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места.

Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Малолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал..

Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!

Додека јавноста го чека цела недела да пушти глас, да почне да работи, да си ја заработи платат од граѓаните, да си го обели образот, Јавното обвинителство сѐ уште нема отпочнато постапка за прославата на независноста.

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!

Либерално-демократската партија (ЛДП) се нуди да помогне за конечно да има подеднаква правда за сите во Македонија.

„ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, вели во изјава истакнатиот правник и член на Извршниот одбор на ЛДП, Илија Чилиманов.

Тој додава дека кога веќе се вратија од летниот годишен одмор и сон и се фатија со експресни постапки за заштита на „шефот на елитата“, може да се позанимаваат и со барање на одговори на следниве прашања.

„Нели станува збор за ист модус операнди, механизам односно модел на извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од кривичниот законик кога Артан Груби и претходната гарнитура ги заобиколувале одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци од Владата и наложиле на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра? И сега со начинот на кој се извлечени парите за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија го направија апсолутно истото. Донеле заклучоци на владата со кои парите од нераспределената добивка ги пренасочиле надвор од буџетот на државата“, посочува Чилиманов.

ЛДП гласно реагираше и на штетните измени на кривичниот законик направени во септември 2023 година, а кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик.

„Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“ вели Чилиманов и додава дека за ЛДП нема „ваши“ и „наши“ пред законите.

Доколку јавното обвинителство го гони Груби, а молчи за премиерот и актуелните функционери кои преку иста шема потрошија милиони евра за десеттина прослави и концерти по нивна волја, тоа е директен доказ за селективна правда и заробено правосудство.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ја послуша ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучува Чилиманов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер