Фото: Џеј Ло во тантела - Канал 5

Фото: Џеј Ло во тантела

Светската ѕвезда Џенифер Лопез предизвика „хаос“ на социјалните мрежи со фотки на кои таа позира во тантела.

Фото: Џеј Ло во тантела

Популарната Џеј Ло на фотките позира во црн брус од тантела, црни сатенски пижами и со стилизирана коса.

53-годишната дива со овие фотки само уште еднаш покажа дека таа е како виното, и дека на нејзината убавина можат да и позавидат и двојно помладите девојки.

-Размислував... пријатна сесија за пишување за денес - напиша во описот на своите фотографии Лопез, а потоа подолу го означи италијанскиот бренд „Intimissimi“, специјализиран за производство на женска долна облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?

Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.

По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?

Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење.

Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција.

За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија.

-Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка.

Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб.

И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството.

Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок

Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов.

Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок

Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов – ниту во овој, ниту во кој било друг случај.

Стафа кажа дека парите пронајдени кај него биле адвокатска награда од неговиот клиент Љупчо Пецов, а не пари наменети за судијата. Уште посериозни беа неговите тврдења за начинот на кој го признал делото. Стафа рече дека признанието го дал од страв и под притисок, откако како што рече, видел што му се случува на Ристов и стравувал дека може да помине уште полошо.

-Во ниеден предмет не сум дал поткуп на судијата Ристов. Ја одбрав најблагата казна оти не сакав да ме снајде тоа што го снајде него. Кога ме лишија од слобода едениот истражител беше агресивен и ми викаше ако сакаш да се спасиш да кажеш дека 20 илјади евра треба да завршат кај Ѓоко Ристов. Парите не ги најде а тие се пријавени, а се работи за адвокатска награда. Пари 30 илјади евра ми беа дадени како заем од сестрата на Љупчо Пецов и за тоа имам писмен договор. Кога ме однесоа во обвинителството во недела утрината се појави обвинителката Искра Хаџи Василева и бараше да кажам дека парите требало да завршат кај Ѓоко Ристов а за возврат ќе бидам ослободен,- - Фехми Стафа – Сведок.

Обвинителката Хаџи Василева посочи дека кредибилитет на Стафа како сведок ќе биде предмет на анализа во завршниот збор. Иако тој беше повикан во судница како сведок на одбраната а неговото претходно признание е еден од доказите во обвинението, обвинителката вели дека располага и со други докази.

-Обвинителството, а во овој предмет особено, исказите на секој од сведоците ги поткрепуваше, и тоа како, со материјални, вербални и најважно од сè електронски докази, директен говор меѓу инволвираните лица, сите во оваа постапка, вклучително и Фехми Стафа, и Љупчо Пецов, и сите останати кои имаа сведочења од судови и во таа прва постапка. Значи, ние кредибилитетот на сведоците го цениме секако во текот на истрагата, меѓутоа водејќи се од кредибилитетот на секој еден сведок, како што и бива во секоја постапка, се обидувате да трагате по докази кои ќе поткрепат нечие сведочење,- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител ОЈО ГОКК.

Но, одбраната тврди дека такви материјални докази досега не биле презентирани пред судот. Адвокатот Давидовиќ вели дека одбраната не може да се повикува на докази кои, според него, не се изведени во постапката.

-Материјални докази никаде не се прикажани, ќе мораме да ѝ веруваме на збор на обвинителката, како што ѝ веруваме во овој предмет, дека има коруптивни дејства, ама ниту еден предмет од каде е примен поткуп за судијата Ѓоко Ристов, па ќе мораме на збор да ѝ веруваме, пошто ни во тој предмет тие докази не се изведени. Ако обвинителството, како државен орган на кому му стојат на располагање сите можни државни институции — еден огромен апарат за присила и репресија — го злоупотребува тоа право, тогаш не им се пишува добро на граѓаните,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов.

Во сведочењето Стафа посочи и дека Ристов не одлучувал сам, туку бил дел од судски совет, па праша зошто во овој случај обвинет е само тој. А дали има предистрага и за други судии од Апелација, обвинителката не открива. Судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува во четврток на 8 октомври кога како сведоци во судница треба да се појават неговите родители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошот

Артан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода – поранешниот прв вицепремиер кој е второобвинет во случајот со милионски злоупотреби во Државна лотарија, за точно една недела отсега ќе излезе од домашен притвор. 

Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707  евра за враќање на пасошот

Според судот, истекувањето на законските рокови во кои тој може да остане во притвор, се главна причина зошто оваа мерка престанува да важи.

-Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривична постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година,- – Кривичен суд Скопје.

По 13 октомври Груби ќе биде на слобода, но пасошот и натаму ќе му биде одземен, како мерка која што ќе продолжи да важи и по истекувањето на мерката домашен притвор. Сепак, одбраната веќе понудила гаранција од над 330.000 евра во недвижен имот за да му биде вратен пасошот. На потег се обвинителството и судот.

-Одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот,- – Кривичен суд Скопје.

Случајот со злоупотреби во Државна лотарија од 9,7 милиони евра е во фаза на испитување на сведоци на обвинителството, а првообвинет е поранешниот директор на лотарија Перпарим Бајрами, кој како и Груби на почетокот од оваа постапка беше во бегство. Покрај Бајрами и Груби пак, за предметот државна лотарија на обвинителната клупа се уште шестмина други лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер