Фото: Деколтето на Нивес - Канал 5

Фото: Деколтето на Нивес

Хрватската старлета и водителка Нивес Целзиус воодушеви во тесен фустан со длабоко деколте. 

Фото: Деколтето на Нивес

40 годишната Нивез ги израдува фановите со две фотографии на кои позира во тесен фустан кој ги истакнува нејзиниот заштитен знак, природните бујни гради.

Природниот изглед на старлетата доби илјадници лајкови и позитивни коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Американската војска во вторникот употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад врз цели на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) во Иран, пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица.

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања.

Овој тип на бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми, поради што неговото распоредување претставува видлива ескалација на воената операција.

Б-1 може да лета со брзина поголема од брзината на звукот на мали височини, носејќи притоа најголем товар од бомби во споредба со кој било друг тип на бомбардер.

Според американски официјални лица, авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а неговото движење било забележано на јавно достапни сервиси за следење летови.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека тој ден американските сили извршиле напади врз иранските центри за воени операции, поморски објекти, хангари за авиони, магацини за беспилотни летала и логистичка инфраструктура, со цел да се намали способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот сообраќај во Ормускиот Теснец.

Не е прецизирано кои цели ги погодил бомбардерот Б-1, ниту дали неговата мисија имала поголем ефект од претходните воздушни напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. 

Филипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок

Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо немаат преземено.

Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за тестирање на водата од примерок земен во болницата, покажува сериозно отстапување од дозволените параметри.

„Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е о болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција?“, рече Филипче

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека ваквата неодговорност на власта директно го загрозува здравјето на граѓаните и побара итна реакција од надлежните институции.

„Што е целта?Да се загрози здравјето на сите луѓе во државата.Бараме итно вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата. Јавно да се објават резултатите од физичките анализи - матност, мирис и останатите параметри, од хемиските анализи - нитрати, нитрити и амонијак, како и микробиолошки анализи и податоците за хлорирањето“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Скопје, 23.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург

Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ.

Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург

Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург.

Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 20 септември 2026 година и повеќе од три децении претставува една од најзначајните европски платформи за независна кинематографија. Во меѓународните филмски кругови е познат како „Европскиот Санденс“, додека The Hollywood Reporter го опишува како водечки германски фестивал на независниот филм и едно од задолжителните места на европската фестивалска сцена.

„Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени. Приказната следи двајца новинари вовлечени во свет на корупција, злоупотреба на моќта, политичка хипокризија и скандали, во кој секој обид да се открие вистината носи нови морални дилеми и лични последици.

Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Директор на фотографија е Дејан Димески.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“.

Според режисерот Јаниќијевиќ, едно од централните прашања што ги отвора филмот е колку е можно човек да остане „чист“ во средина во која вистината постојано се приспособува на интересите на моќниците. Сценаристот Сашо Кокаланов нагласува дека филмот не претендира да биде целосна слика на македонското новинарство, туку преку конкретна приказна отвора пошироки прашања за медиумите, политиката и општеството.

Изборот во официјалната конкуренција на Олденбург му овозможува на филмот своето меѓународно патување да го започне на фестивал препознатлив по поддршката на бескомпромисни авторски гласови, независни продукции и дебитантски остварувања.

Главната фестивалска награда, German Independence Award – Best Film, се доделува на најдоброто независно долгометражно остварување, а фестивалот доделува и признанија за режисерска храброст, оригиналност, дебитантски филм и актерски остварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер