3Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
ЖивотФото: Дејвид Бекам ја покажа штетата на имотот во АнглијаЛегендата на светскиот фудбал, Дејвид Бекам ја покажа штетата на имотот во Англија предизвиката на бурата Ханк: „Можеше да биде и полошо“.Големата бура „Хенк“ ја погоди неговата родна Англија, а славниот фудбалер а сега сопственик на Интер Мајами, ја сподели штетата предизвикана на неговиот имот во Котсволдс. Бекам објави фотографија на која се гледа големо дрво откорнато од земја поради силниот ветер. „Можеше да биде и полошо. Сè уште сум скршен“, напиша тој под фотката. Дејвид и сопругата Викторија ја купија селската куќа во декември 2016 година за 6,15 милиони фунти. На овој имот богатиот фудбалер изгради сауна, базен, фудбалско игралиште, теретана...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си. Борби на местото на настанот Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата. An explosion at a mosque during Friday prayers has left at least 5 dead and 33 injured in Kohat district, Khyber Pakhtunkhwa province, Pakistan. As rescuers continue to search for more people, Police say they are still collecting evidence as to what might have caused the explosion. — Iftikhar Firdous (@IftikharFirdous) September 18, 2026 Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата. Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.Тагови: Пакистан џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТом Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“Том Круз откри за што разговарал со Тејлор Свифт откако заедно го гледаа натпреварот со кој тимот „Канзас Сити Чифс“ ја започна сезоната, претходно оваа недела.Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините. Лекција по американски фудбал Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“. На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз. Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by The Tonight Show (@fallontonight) „Брилијантен текстописец и музичар“ Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“. Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“. Извор: Индекс.хрТагови: Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на “братучедот”, а богами и непрописно паркираАндреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”. Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната, објави на ФБ Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook