3Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
Шоу бизФото: „Чоколадната убавица“ на НБА ѕвездаНБА ѕвездата Донован Мичел на вистина е среќен ќовек, покрај својата „чоколадна вереница“ убавата Коко Џонс.Вереницата на бекот на Кливленд, објави жешки фотографии на Инстаграм за време на последниот американски празник Ноќта на вештерките, „маскирана“ во чоколадо, што ги воодушеви нејзините 5,3 милиони следбеници, од кои 230.000 ја лајкнаа објавата. Коко Џонс стана позната благодарение на филмот на Дизни „Let It Shine“ (2012), каде што ја играше главната женска улога и го покажа својот музички талент. Од 2022 година, таа глуми во серијата „Bel-Air“ (модерен римејк на „The Fresh Prince of Bel-Air“), каде што го толкува ликот на Хилари Бенкс. Нејзиниот музички стил е комбинација од R&B, соул и поп, а нејзиниот најголем хит е „Icu“, кој беше номиниран и за наградата Греми. На 11 јули оваа година, Донован Мичел и Коко Џонс објавија дека се свршиле, сè што остана беше да се одреди точниот датум на свадбата. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЊујорк Тајмс: Според издадените дозволи, свадбата на Тејлор Свифт е идната неделаИздадени дозволи и извори укажуваат дека Тејлор Свифт и Тревис Келси ќе се венчаат во Њујорк следната недела, објави „Њујорк тајмс“.Свифт, една од најуспешните музичарки на сите времиња, и Келси, ѕвезда на американскиот фудбал, ја објавија својата свршувачка во август. Сепак, не е познато каде и кога двојката ќе се венча. Дозвола за затворање на улиците околу „Медисон Сквер Гарден“ Побарана е дозвола од градот Њујорк да ги затвори улиците околу „Медисон Сквер Гарден“ од 2 јули до пладне на 4 јули за настанот на 3 јули, објави „Тајмс“, повикувајќи се на три лица запознаени со ова прашање. Портпаролката на градската администрација потврди за „Ројтерс“ дека е побарана дозвола со тие детали. Неколку членови на „Канзас Сити Чифс“ од Келси резервирале соби за деновите околу 3 јули во хотелот „Мариот Маркиз“ на Тајмс Сквер, според весникот. Два извори му кажале на весникот дека планот вклучува интимен собир на околу стотина луѓе во „Гарден“ на 2 јули и околу 1.000 луѓе на 3 јули на поголема прослава „со можни настапи на сцената“. „Виник Продакшнс“, компанија за планирање настани, побара дозвола од градот на почетокот на јуни да постави шатор пред арената во кој ќе бидат сместени помеѓу 500 и 999 гости, објави „Њујорк тајмс“. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, минатата недела наговести дека венчавката на Свифт може да биде неизбежна кога ја спомена додека зборуваше за Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВо Тетово се уапсени 12 бугарски државјаниПолициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија.Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата. „Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје“. „Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, велат од Полициската станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВозете внимателно, Safe City профункционира и во околината на ОхридСВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот. Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook