Фото: Британска водителка во тесен фустан ги истакна облините - Канал 5

Фото: Британска водителка во тесен фустан ги истакна облините

Британската манекенка и водителка Кристин Мекгинис знае како да привлече внимание каде и да се појави.

Фото: Британска водителка во тесен фустан ги истакна облините

Атрактивната Кристин на доделувањето на БАФТА наградите буквално беше во центарот на вниманието - поради фустанот што го носеше.

Таа максимално ги истакна сите свои атрибути во металик бел фустан во кој изгледа како вистинска сирена.

Нејзините фанови беа посебно импресионирани од многу необичениот детал на градите што ого истакнуваше нејзиното бујно деколте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина

Пожарите во регионот продолжуваат да земаат жртви. 

Две лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина

Две лица загинаа во пожарот што беснее на островот Саламина во близина на Атина, каде што речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици туристи и локални жители, објавија противпожарните служби.

Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода. Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните, особено за време на викендите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Состојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. 

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер