Фото: Бред Пит изненади со нов имиџ на бејзбол натпревар - Канал 5

Фото: Бред Пит изненади со нов имиџ на бејзбол натпревар

Холивудскиот заводник, мегапопуларниот актер Бред Пит повторно го променил својот имиџ. 

Фото: Бред Пит изненади со нов имиџ на бејзбол натпревар

Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од финалето на Светската серија на Американската лига за бејзбол, на стадионот Доџерс во Лос Анџелес.

Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, сиви бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува E!Online.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој позираше со басистот на Ред Хот Чили Пеперс, Фли.

Бред и неговиот пријател Фли го следеа дуелот меѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу ​​Џејс, во кое канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Новиот излед на Бред е чиста спротивност од имиџот на 61-годишниот актер што Бред го имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашале за причината за бричењето на главата, Пит во тоа време за списанието People изјавил: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.

Инаку, со новиот имиџ Бред уште еднаш потврди дека нема проблем често да го менува изгледот и дека во последните две децении многу често го менува стилот со што ја потврдува титулата вистински мајстор на трансформацијата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Средба на  Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието.

За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси.

Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните.

Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер