Фото: Антиќ дел од спектаклот во чест на Душан Ивковиќ - Канал 5

Фото: Антиќ дел од спектаклот во чест на Душан Ивковиќ

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ беше дел од тимот предводен од легендарниот тренер Душан Ивковиќ кој синоќа во Атина стави крај на долгогодишната кариера.

На хуманитарниот натпревар против домашниот Олимпијакос во составот на „Ѕвездите на Дуда“ покрај Антиќ беа и Милош Теодосиќ, Богдан Богдановиќ, Костас Слукас, Никос Зизис, Дарио Шариќ, Виктор Хријапа, Бобан Марјановиќ, Никола Калиниќ, Чеди ОСман, Стефан Марковиќ, Томас Ертл и Кајл Хајнс.

На натпреварот кој го доби тимот предводен од Ивковиќ со 111:103 беа присутни и многу други познати кошаркарски и спортски имиња какви што се: Александар Ѓорѓевиќ, Предраг Даниловиќ, Жарко Паспаљ, Тео Папалукас, Јуре Здовц, Дражен Далипагиќ, Дино Раџа, Зоран Чутура, Жељко Обрадовиќ, Новак Ѓоковиќ, Дејан Томашевиќ,...

Натпреварот беше прекинат на 28 секунди пред крајот во знак на 28-те титули што ги освоил Ивковиќ во својата богата тренерска кариера.

Српскиот кошаркарски стручњак од претседателот на Евролига го доби признанието „Легенда на Евролигата“. Ивковиќ е првиот тренер кому му е врачена ваква награда.

-Мои драги пријатели. Сакам да ви се заблагодарам за се што направивте за мене. Без вас ништо немаше да биде можно, изјави Ивковиќ.

Ивковиќ во текот на кариерата два пати ја освои Евролигата, по еднаш Еврокупот, Купот на Радивој Кораќ и Сапорта купот, 15 пати станал шампион во националните првенства со тимовите кои ги предводел. Работеше во многу познати европски екипи меѓу кои ЦСКА Москва, Ефес, Олимпијакос, ПАОК, Динамо Москва, Арис, Партизан,....

Беше селектор на Југославија од 1987 до 1995 година и на Србија од 2008 до 2013 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. 

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер