Фото: Англичанка одвај се спаси од каменување за вонбрачен секс во Дубаи - Канал 5

Фото: Англичанка одвај се спаси од каменување за вонбрачен секс во Дубаи

Англичанката Ребека Блејк(30), која живее и работи во Дубаи, беше жртва на апсурдниот арапски закон. Беше обвинета за вонбрачен секс, дело што не го сторила, и помина 95 денови во затвор. За да се спаси од ужасната казна за прељуба, каменување до смрт, мораше да лаже дека на е мажена.

Властите во Дубаи ја обвинија Блејк дека имала секс со нејзиниот пријател Конор МекРедмонд на задно седиште од такси возило. Двајцата, во мај минатата година беа уапсени и повеќе од една година се бореа за ослободување од обвинението.

Но, сведокот, возач на такси возилото, бил категоричен дека неговите патници имале секс во автомобилот.

- На мажот му беше откопчана кошулата, а панталоните му беа спуштени до колената. Жената беше само во долна облека – изјавил тој.

Сведокот кажал и дека Блејк се обидувала да му даде пари во замена за молчење. Но, наспроти неговите тврдења, лекарските наоди покажале дека меѓу Блејк и МакРедмонд немало секс. Сепак, наодите не биле земени предвид при носењето на конечната одлука.

Во интервјуто за Сандеј експрес, жената ги раскажала ужасните моменти што ги доживеала во Дубаи. Меѓу другото, таа, по совет на нејзиниот адвокат, го скрила фактот дека шест години била во брак. Со тој аргумент, судот можел да ја осуди на смртна казна.

Блејк сега е слободна, но целата ситуација резултирала со губење на работата. МекРедмонд пак, засекогаш се иселил од Дубаи. /Извор: Блиц/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе можат ли младите брачни парови полесно да доаѓаат до стан?

Најмалку 20% пониска цена за становите наменети за млади брачни парови до 35 години, но попустот нема да се пресметува според цената што инвеститорот ја бара во моментот, туку според просечната цена на продадените станови во претходната година. 

Ќе можат ли младите брачни парови полесно да доаѓаат до стан?

Ова дополнително го појасни премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера ги најави новите мерки за полесно решавање на станбеното прашање на младите, меѓу кои и обврската градежните компании да издвојат најмалку 10% од станбената површина во новите објекти за млади брачни двојки. Мицкоски вели дека со законски решенија и подзаконски акти ќе се спречат можните злоупотреби, а најави и горна граница за цените на комерцијално продаваните станови.

-Оваа цена која што ќе биде понудена на брачни парови до 35 години ќе биде за 20% минимум, за 20% пониска од цената за катастарската општина просечна во претходната календарска година. И тука ќе нема можност за артифициелно или вештачко зголемување на цената на квадратот. Значи силингот, односно плафонот ни е јасен и врз основа на тој плафон за младите брачни парови, односно брачните парови до 35 години, ќе ја добијат цената за таа катастарска општина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Освен оваа мерка, Мицкоски најави и ослободување од комуналии за градење на куќа за младите – мерка која според градежниците побрзо и поедноставно би се спровела. Од здружението за градежништво при стопанската комора ја поздравуваат иницијативата на Владата, но сметаат дека треба поширока дискусија и консултации со инвеститорите и бизнис-заедницата.

- Овие исклучувања тврдам дека нема да имаат никаква улога ниту импакт врз цената на становите во иднина, затоа што се работи за иницијативи за помош на млади брачни парови, кои што треба заедно со бизнис-заедницата да бидат усогласени во едно решение кое што ќе значи помош. Тоа е субвенција врз база на која младите би добиле станбени единици. - Андреја Серафимовски – претседател на здружение за градежништво при стопанска комора

Од опозициската СДСМ пак, во соопштние оценија дека одлуката била дискриминаторска, дополнително, обинуваат дека Владата ги копирала политиките на поранешниот претседател на Србија Вучиќ.

Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? – соопштија од СДСМ

Иако слична поддршка за младите при купување прв дом во Србија се спроведува од март минатата година, сепак моделот е поразличен. Таму, лицата од 20 до 35 години без разлика на нивниот брачен статус, можат да добијат станбен кредит со минимално учество од 1%, при што државата гарантира дел од кредитот и субвенционира дел од каматата во првите шест години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски.

Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски, во обраќањето на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ што се одржува во Атина. По него, двајцата министри попладнево имаа и билатерна средба. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер