ЗабаваФото: Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија своето четврто детеПоранешната тенисерка, руската убавица, Ана Курњикова (44) и Енрике Иглесијас (50) го добија своето четврто дете, а среќните родители ја споделија веста на социјалните мрежи.Најубавиот пар на светот, како што многумина ги нарекуваа од самиот почеток, сè уште не го откриле ниту полот ниту името на детето, но објавиле фотографија. Според описот, бебето е родено на 17 декември. Познато е дека Ана и Енрике многу ретко споделуваат нешто поврзано со семејството, па самата Ана неодамна изненади кога објави фотографија од децата како се подготвуваат за Ноќта на вештерките. Нема сомнение дека нивните малечки едвај чекаа новото бебе да пристигне во куќата. Од првиот ден од нивната врска, Ана и Енрике беа најинтересниот пар за папараците. Тие се запознаа во 2001 година за време на снимањето на музичкото видео за неговата песна „Escape“ и тогаш немаа поим каква иднина ги чека. Ана и Енрике прв пат станаа родители во 2017 кога ги добија близнаците, три години подоцна повторно станаа родители и добија ќерка. Сега, пет години подоцна - пристигнува ново „засилувања“.Тагови: енрике иглесијас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамБМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазарКина веќе не е „ветената земја“ ниту за BMW. Бројките на продажба опаѓаат, а баварскиот гигант се обидува да го сврти тој тренд. По неодамнешното претставување на кросоверот iX3 и седанот i3 со продолжено меѓуоскино растојание, сега и новиот BMW X5 доби верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета за кинескиот пазар. Овој луксузен SUV, кој е достапен со мотори со внатрешно согорување, како и во електрична варијанта iX5, се одликува со поголеми задни врати – резултат на продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 130 мм (со што вкупната должина сега изнесува 3.165 мм). BMW исто така го измени дизајнот на предните светла; LED-светлата повеќе не ја формираат буквата „X“, форма што во кинеската култура носи негативни конотации. Покрај тоа што нуди повеќе простор за нозете на патниците одзади, овој X5 воведува и нова карактеристика: „Theatre Screen“ (театарски екран). Овој екран со дијагонала од 31,3 инчи и резолуција 8K – првпат виден кај Серијата 7 – е наменет и за работа и за забава, овозможувајќи видеоповици, стримување содржини и играње видеоигри. BMW целосно ги редизајнираше седиштата во верзијата на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, која стандардно доаѓа и со адаптивна воздушна суспензија на двете оски. Кинеските купувачи сакаат екрани, па затоа не изненадува што покрај централниот инфозабавен систем со екран на допир од 17,9 инчи, поставен е и екран од 14,6 инчи наменет за совозачот. Системот „Panoramic Vision“, кој се протега низ целата ширина меѓу А-столбовите, сега е веќе познат елемент од опремата на BMW; тој вклучува три фиксни елементи во видното поле на возачот и до шест приспособливи виџети на десната страна. Што се однесува до опсегот на движење, моделот iX5 ќе може да помине 845 километри со едно полнење во Европа, според WLTP циклусот на тестирање. Во Кина, електричниот SUV ветува уште повеќе – до 1.000 километри – иако тоа првенствено се должи на кинеските стандарди за мерење, кои се значително поблаги, пренесува Motor1.com.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЖивотИталија по 40 години и се враќа на нуклеарната енергија Четириесет години по затворањето на нуклеарните централи поради катастрофата во Чернобил, Италија се подготвува за нивно враќање. Владата на премиерката Џорџа Мелони сака да ја зајакне енергетската безбедност на земјата. Владата смета на поддршката од помладите генерации, кои на нуклеарната енергија гледаат како на извор на електрична енергија со ниска емисија на јаглерод, клучен за справување со климатските промени и за стабилизирање на снабдувањето. Аналитичарите проценуваат дека властите се надеваат оти поддршката од младите ќе го надмине отпорот на постарите генерации, кои биле сведоци на несреќата во 1986 година и гледаат со недоверба на атомската енергија. Италијанците веќе двапати гласале на референдуми против нуклеарните централи, пишува „Асошиејтед прес“. Се очекува Парламентот следната недела да ја одобри законската рамка за нуклеарни технологии од новата генерација. Потоа, Владата ќе има рок од 12 месеци да донесе прописи во врска со издавањето дозволи за реактори, безбедносните стандарди, одлагањето на отпадот и изборот на локации. Пред гласањето, Џилберто Пикето Фратин, министерот за животна средина и енергетска безбедност, изјави: „Должност на Владата во овој момент е да создаде услови за оние што на крајот ќе одлучуваат за постројките, да можат да го сторат тоа“. Дебатата во Италија се надоврзува на поширокиот европски тренд, бидејќи земји како Франција и Полска ја прошируваат или воведуваат нуклеарната енергија за да обезбедат енергетска сигурност и да ги исполнат климатските цели. Сепак, случајот со Италија е единствен, бидејќи вклучува обид за оживување на индустрија што јавноста претходно ја отфрлила. Италија некогаш беше европски лидер во областа на нуклеарната енергија. Нејзините четири реактори работеа сè до референдумот во 1987 година – одржан по катастрофата во Чернобил – со кој практично беше запрена програмата. Подоцнежниот обид за оживување на секторот беше прекинат во 2011 година по катастрофата во Фукушима, кога 94 отсто од гласачите се спротивставија на изградбата на нови реактори. Евентуалното враќање кон нуклеарната енергија би претставувало еден од најамбициозните енергетски пресврти во Европа. Владата на Џорџа Мелони својот план го оправдува со растечката побарувачка за електрична енергија, климатските цели и неизвесноста предизвикана од руската инвазија врз Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Шоу бизРаперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција. Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“. Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter