СДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа
2СДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа
3Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите
ЗабаваФото: Актерка облече бикини и го истакна задникотАктерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот. Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче. Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм. Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаЈанчев: Поставени средства за смирување на сообраќајот во село ГлишиќСо цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави средства за смирување на сообраќајот на крстосницата од улиците „Шишка“ и „27 Март“ во село Глишиќ. Со оваа интервенција се овозможува побезбедно одвивање на сообраќајот, намалување на брзината на движење на возилата и подобра заштита на пешаците и жителите. Безбедноста на граѓаните останува еден од нашите главни приоритети, а ваквите активности ќе продолжат и на други локации каде што постои потреба од дополнително унапредување на сообраќајната инфраструктура, објави на својот профил на Фејсбук, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Евростат го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во ЕвропаЕвростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО. Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија.... Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста: Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното. Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски - во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија. Со Мицкоски сме заглавени на дното. Поради владата на Мицкоски - Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата Македонија ги загуби средствата од ИПА фондовите на Европската Унија наменети за изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Наместо европски грант од милиони евра, сега остануваат само кредитите што ќе ги враќаат граѓаните. Ова е уште еден дебакл на Владата на Христијан Мицкоски. Губиме милиони евра, европски пари поради тоа што владата на Мицкоски не ги испочитувала роковите, ИПА средствата повеќе не се достапни. Наместо да ја реализира инвестицијата со европска поддршка, Владата сега ги менува законите за да го избрише фактот дека проектот требало да се финансира и со средства од Европската Унија. ИПА средствата не носат само финансиска поддршка. Тие носат европски правила, транспарентност, строга контрола и надзор врз трошењето на јавните средства а тоа им смета на Мицкоски и неговата криминална организација затоа што не можат да ги крадат. Додека Македонија губи европски грантови, Владата се задолжува со нови 2,5 милијарди евра. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ– наместо европски пари, граѓаните ќе плаќаат скапи кредити, наместо развој и економски напредок, добиваат нови долгови и економија која е пред колапс. Ова е цената што ќе ја плаќаат македонските граѓаните поради неспособноста на Владата на Мицкоски, криминалните политики и изолацијата на земјата. Скопје, 30.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. „За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Министерот Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, денеска ги промовираа двете нови електронски услуги на Инспекторатот, кои отсега се достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk: – „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“; – „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“. Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Станува збор за постапки поврзани со квалитетот на земјоделските производи и извозот на вино, односно со сектори што создаваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на странските пазари. Со поврзувањето на услугите со Националниот портал, компаниите, покрај во хартиена форма, ќе можат да ги добиваат сертификатите и електронски, со иста правна важност. Со тоа се поедноставува целокупната постапка, се скратува времето потребно за добивање на документите, се елиминира потребата од нивно лично подигнување во Инспекторатот и се намалуваат административните и финансиските трошоци за компаниите. Дигитализирана е и постапката за плаќање на административните такси. Наместо плаќање со хартиени уплатници, компаниите ќе можат да ги подмират таксите електронски, преку апликациите за електронско банкарство. „За нас, дигиталната трансформација не претставува само воведување нова технологија. Таа е промена на начинот на кој функционира државата и на односот што институциите го имаат кон граѓаните и компаниите. Националниот портал uslugi.gov.mk го развиваме како единствена точка преку која јавните услуги ќе бидат достапни едноставно, сигурно и без непотребно губење време“, нагласи Андоновски. Министерот посочи дека дигитализацијата има важна улога и во зголемувањето на транспарентноста и намалувањето на ризиците од корупција. Кога постапките се дигитални, правилата се однапред утврдени и еднакви за сите, се намалува непосредниот контакт таму каде што не е потребен, се ограничува просторот за субјективно одлучување и се создава јасна електронска трага за постапувањето на институциите. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, ги претстави конкретните придобивки, начинот на користење на услугите и постапката за електронско добивање на сертификатите. Тој истакна дека дигитализацијата ќе обезбеди побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за бизнис-заедницата. Новите услуги се резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Државниот инспекторат за земјоделство, со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ. Министерот Андоновски изрази благодарност до GIZ за препознавањето и поддршката на проектот за дигитализација на нови клучни услуги за компаниите. Во соработка со Стопанската комора на Македонија, новите електронски услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата. На компаниите ќе им бидат претставени начинот на нивно користење и конкретните придобивки од дигитализираните постапки. Министерството за дигитална трансформација продолжува со забрзана дигитализација на услугите што имаат реално и непосредно значење за граѓаните и стопанството, со цел јавните услуги да бидат побрзи, поедноставни и подостапни, а институциите поефикасни, поодговорни и потранспарентни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter