Шоу бизФото: Актерка која обожува проѕирни секси фустаниАтрактивната актерка Дакота Џонсон, позната и како ќерка на славната холивудска убавица Мелани Грифит, многу често е тема во медиумите поради нејзиниот стејлинг. Холивудската убавица обожава да биде провокативна, но умерено, па некои дури и ја обвинуваат дека е премногу секси. Дакота се смета за една од најсмешните познати личности, а неодамна привлече внимание со изјава за мажите. Сепак, многу повеќе во центарот на вниманието се нејзините заголени фустани, по што е препознатлива, а за ова зборуваше во интервју за германското издание на „Вог“. Еден новинар ја прашал дали проѕирниот фустан можеби е премногу секси, а Дакота имала подготвен одговор. „Навистина не ми е гајле. Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, па затоа ги носам. Понекогаш тие фустани ми стојат добро, но има и такви што не изгледаат добро. Ако најдам убав фустан во кој се чувствувам удобно, секако дека сакам да го носам. И забавно е да се носи секси фустан“, рекла актерката. Дакота Џонсон најмногу блеска во креациите на модната куќа Гучи, а како што истакна, нејзината мајка, поранешната ѕвезда во Холивуд, актерката Мелани Грифит, уште од мали нозе и ја развила силна слика за нејзиното тело. „Мајка ми беше многу отворена во врска со телото. Нè научи како да се грижиме за нашите тела и да ги сакаме и мислам дека тоа е навистина важно за едно младо девојче бидејќи постојано ни се вели дека не сме доволно добри“, рече Дакота.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казнаГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.„Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски. Цениме доколку ова наше соопштение биде споделено со пошироката јавност со помош на вашиот медиум.“ Со почит, Центар за комуникации ГРОМТагови: гром Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаД-р Дудучки: Криминалци кои со лажни дијагнози наместо во затвор одат во психијатриски болнициНема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки.Нема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки, невропсихијатар со повеќедецениско искуство и меѓународен судски вештак. Тој во изјава за Канал 5 вели дека од „здравственото ќесе“ со децении се извојува многу малку, па и не е чудо што нема место за луѓе на кои навистина им е неоходна таква грижа кога таму се сместени и криминалци кои со лажни дијагнози се спасуваат од затвор. Лошата здравствена политика е виновна за состојбата, но решенија има, смета Дудучки. Ако постои стратегија и план на сите нивоа и ако тоа се спроведе ќе има и превенција и ред и сегашната слика на соби без прозорци, мувла, живот во хорор и мизерија, и лекување со ограничен број на застарени лекови, ќе станат минато. И од канцеларијата на Народниот правобранител кои во континуитет ги следи условите на психијатриските болници нотираат дека неопходен е системски пристап кон подобрување на состојбите кој подразбира доволен број стручен кадар, стабилно финансирање, подобрување на условите, развивање современи терапевтски и рехабилитациски програми, континуирана едукација на персоналот и создавање безбедна терапевтска средина во која ќе се почитуваат достоинството и човековите права на пациентите. Исклучок во однос на условите е психијатриската болница во Гевгелија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
КултураДали Охрид е на чекор до одлука до статусот „Светско културно наследство во опасност“?Статусот на Охрид продолжува да „виси“, УНЕСКО испрати нова јасна порака – дека за заштитата на еден од најзначајните културни предели во Европа не е направено доволно.УНЕСКО во нацрт-извештајот повторно предлага Охридскиот регион да го добие поразителниот статус „ Светско културно наследство во опасност“. Конечната одлука ќе се носи во Пусан, Јужна Кореја на седницата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која треба да се одржи по 19ти јули. -Пријавени се различни иницијативи за решавање на тековните проблеми, но Центарот за светско наследство и советодавните тела сметаат дека вкупниот напредок во спроведувањето на претходните одлуки и препораки останува ограничен, оставајќи го локалитетот во многу ранлива состојба,- - УНЕСКО – нацрт извештај. Во Охрид веќе не остана ништо што може да се заштити, треба да се појде само и да се види во што се претвори регионот, велат еко-активистите. Од илегални комплекси во сред Студенчишко Блато, огромни хотели во Рамне, преку 100 платформи и разни конструкции во езерото и уште многу други градби каде не им е место се сликата за регионот, велат тие. Според нив, статусот „културно и природно наследство во опасност“ требало да биде доделен уште пред една декада, кога експертите го вклучиле првиот аларм. -Требаше пред 10 години, и да се ставеше како наследство во опасност, тогаш кога експертите прв пат препорачаа, можеби сега ќе имаше вредности кои може да се зачуваат, сега меѓу изборот, дали да оди или да не оди, се разбира подобро е да оди во некоја рака. Не знам дали охридскиот регион може веќе да се спаси, затоа што е толку уништен, вредностите се толку уништени. Ниту една централна или локална власт не сме виделе кои што имале најмала интерес да ги заштити вредности, или свест за вредности, така да и да може да се заштити нешто, имам нула надеж дека тоа ќе се случи, дури и да отиде на листа, едноставно мислам дека на никој не му е гајле, на тие што носат одлуки,- - Искра Стојковска – Фронт. Градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков во телефонски разговор ни посочи дека нема да го коментира нацрт-извештајот, и дека со став ќе излезе откако ќе се донесе конечната одлука од Јужна Кореја. Пред повеќе од половина година, владина делегација заедно со охридскиот градоначалник беа во Париз за да воспостават посоодветна комуникација со УНЕСКО, со цел, подобро да се решаваат проблемите во кои се наталожени во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36