Фото: Ако мислите дека ова се Анџелина, Селена, Ед, Адел,.. се лажете! - Канал 5

Фото: Ако мислите дека ова се Анџелина, Селена, Ед, Адел,.. се лажете!

Велат дека секој човек на светот има свој двојник.

Фото: Ако мислите дека ова се Анџелина, Селена, Ед, Адел,.. се лажете!
Дури постои и сајт на интернет кој се занимава со пронаоѓање на твојот двојник.

Секако многу полесно се наоѓаат двојниците кои потсетуваат на јавните личности.

Пред вас се неколку фотографии на кои може да се видат фотографии на луѓе кои навистина се скоро идентични двојници на некоја позната личност.
Дали може да ги разликувате.

Софија Соларес како Селена Гомез.

Rizo sensual todo su cabello...(8)🖤 @capeli_hairtools

A post shared by Sofia Solares (@sofisolars) on



A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on


Ками Османе е идентична на Ким Кардашијан.




Тај Џонс како Ед Ширан.

Heavy gym sesh I'm dead!

A post shared by Ty Jones (@ty1991ed) on


A post shared by edsheeran 😸 (@edsheeran) on


Елионор Хелборг и Адел.

Tbt bc I still don't have my camera

A post shared by Ellinor Hellborg (@ellinorhellborg) on



Dallas, TX / American Airlines Center / Nov 1

A post shared by Adele (@adele) on


Челзи Мар како Анџелина Џоли





Smile it's Saturday🌼

A post shared by C H E L S E A M A R R🌼 (@chelsealoumarr) on

💎

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolieofficial) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР.

Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично.

Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци.

Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени.

Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200.

Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.

Извештајот на ЕК  пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер